1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Остварување сон и враќање долг кон предците

Интервју со новоинаугураниот рабин Ави Козма, прв по 65 години во Македонија. Тој беше инаугуриран за време на одржувањето на дводневната рабинска конференција во Скопје.

default

Учесниците на рабинската конференција со македонскиот претседател Црвенковски

Зошто е важно за малата еврејска заедница во Македонија да има локален рабин?

Козма:Затоа што тој го познава јазикот, менталитетот, проблемите кои што ги имаат овде луѓето.

Дали младите се придржуваат на традицијата?

Повеќе или помалку се придржуваат, знаете, асимилацијата си го прави своето, ние се справуваме со тие проблеми, целта на конференција на рабините е локалните рабини од Балкан кои имаме речиси целосно исти проблеми, да ги продискутираме и да најдеме патишта како да ги решиме. Поголем дел од Евреите се придржуваат на правилата, иако има делови каде не е така. Јас сум сепак оптимист дека тоа ќе дојде на свое место.

Колкава е еврејската заедница во Македонија?

Денеска еврејската заедница во Македонија брои околу 250 луѓе. Многу загинаа за време на Холокаустот, 7200 македонски Евреи беа испратени во логорот Треблинка, од кои не се врати ниту еден. Потоа голем број се отселија во Израел кога се формираше државата во 1948 година, такашто остана таа мала заедница. Има и голем број Евреи овдешни по потекло, кои се надвор од Македонија,кои живеат и работат во различни земји во светот.

Кои се Вашите приоритети во Македонија?

Јас нив не ги менувам, тоа ќе остане едукацијата, претставувањето на еврејската заедница во најдобро можно светло кон пошироката маса и заедница, за да ја разберат и работата на меѓурелигискиот план, со другите верски заедници, што за мене е една од најважните работи.

Деновиве се навршуваат 60 години од создавањето на Израел. Што значи тоа за Вас?

Тоа значи дека имаме 60 години независна држава, модерна, за нас е тоа долг период, историја во која Израел помина многу промени, се случија многу работи. За нас тоа претставува и истрајност, знак со кој ќе покажеме на светот дека таа еврејска држава може да опстои и никој не може да ни ја земе.