1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Остатоци од сателитот паднаа на Земјата, локациите непознати

Остатоци на шест тони тешкиот истражувачки сателит на НАСА паднале рано утрово (24.09) на Земјата, но се‘ уште со сигурност не се знаат точните локации.

default

Лансирањето и одржувањето на сателити и ракети не секогаш е успешно

НАСА се обидува да ја утврди локацијата на пад на остатоците. Претходно беше соопштено дека остатоци од американскиот научен сателит веројатно паднале во Канада. На Твитер се појавиле информации за парчиња што паѓале над Окотокс, град јужно од Калгари во Западна Канада.

НАСА вчера соопшти дека очекува 26 делови на нефункционалниот сателит да паднат на Земјата во периодот меѓу полноќ и 12.45 часот по Гринич во зоната меѓу Канада и Африка.

Руските вселенски експерти предвидоа дека остатоци од сателитот ќе паднат во Индискиот Океан, северно од ненаселениот островски архипелаг Кроза.

Сателитот е лансиран во 1991 година од шатлот „Дискавери“ и функционираше на висина од 600 километри.

Автор: ЖА/ЕМФ/миа/дв

Редактор: Е. М. Фиданоска

-