Останува напната ситуацијата во Исламабад | Вести | DW | 04.07.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Останува напната ситуацијата во Исламабад

*

Ситуацијата во пакистанскиот пристанишен град Исламабад останува и понатаму напната по крвавите судири меѓу полицијата и учениците на едно исламско училиште. Владини извори соопштија дека повеќе од 700 радикални исламисти ја напуштиле т.н. „црвена џамија„ по заканата на силите за безбедност дека насилно ќе го завземат објектот. Но, лидерите на коранското училиште соопштија дека и понатаму ќе се бранат. Вчера во повеќечасовните престрелки меѓу вооружените исламисти во џамијата и полициските сили животот го загубија најмалку 16 лица, а преку 150 се повредени. Милитантните исламисти во џамијата бараат Пакистан да стане строго исламска држава по углед на Авганистан за време на владеењето на Талибанците.