1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Остануваат тајна предлозите на патријархот Кирил за статусот на МПЦ

Подобро е одредени предлози за решавање на проблемите да не се третираат во јавноста, велат извори во МПЦ -ОА

Нема одговор од врвот на МПЦ кои се предлозите кои ги дал рускиот патријарх, г.г. Кирил до српската (СПЦ) и македонската православна црква за решавање на канонскиот статус на МПЦ – ОА. Патријархот Кирил кој пред два дена имаше средба со претседателот Ѓорге Иванов, ја изненади македонската јавност со изјавата дека „кога раководел со одделот за надворешни црковни врски, предложил повеќе варијанти за решавање на статусот на МПЦ, но тие не биле прифатени“. Во домашната јавност досега беше познат само еден руски предлог - МПЦ да добие статус на самостојна црква, кој не беше прифатен. „Ако ги немаме атрибутите на посебна црква, формулата самостојна црква е неприфатлива“, изјавуваа тогаш дел од македонските владици. Кои се другите предлози? Не знам, вели портпаролот на МПЦ, владиката Тимотеј.

„Претпоставувам дека се работи за предлози дадени во времето кога г.г. Кирил бил митрополит. Но, јас не сум присуствувал на такви разговори“, вели владиката. Од кабинетот на поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан, кратко одговорија дека Светиот Синод ја одредува надворешната политика, бидејќи таму се разгледуваат предлозите и се градат ставовите на МПЦ, но не дадоа одговор кои се и дали се разгледувале „повеќе предлози“ од Москва. Според извори во МПЦ, кои сакаат да останат анонимни, дел од тие предлози и не треба да се објавуваат во јавноста.

Bischof Timotej Mazedonien Orthodoxe Kirche

Владиката Тимотеј

„Ние сме во меѓупроцес во кој треба да ги решаваме работите, а предлозите не се едноставни, бидејќи опфаќаат цел сет прашања. СПЦ не ни го признава статусот, а блокот грчки цркви - и името. Да не заборавиме дека дијалогот со СПЦ воопшто не продолжи по назначувањето на новиот патријарјх. За почит е подготвеноста на рускиот патријарх да вложи напори за решавање на канонскиот статус на МПЦ-ОА. За разлика од СПЦ, за руската црква носител на канонскиот живот во Македонија е МПЦ-ОА и таа поддршка е многу значајна. Но, подобро е одредени предлози за решавање на проблемите да не се третираат во јавноста“, потенцира нашиот соговорник. Според него, токму на предлог на г.г. Кирил, МПЦ во своето име ја вградила додавката ОА, за да се истакне фактот дека таа е наследничка на старата Охридска архиепископија.

МПЦ во јули 1967 година прогласи автокефалност, но остана непризната од другите православни цркви иако со голем дел од нив негува добри и фреквентни односи.

„Тоа што е МПЦ надвор од семејството на канонските цркви, ја ослабува нејзината позиција. Изнаоѓањето патишта за канонизација на МПЦ е многу важно во овој момент. Канонскиот статус на вашата црква е од голема важност затоа што ќе го обезбеди македонскиот идентитет, јазик и култура“, порача патријархот Кирил.