1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Остана само „мајка држава“

Се случи нешто што е несфатливо - Американ интернешенел груп, или накусо АИГ, кој до минатата недела сеуште беше најголемиот осигурителен концерн на светот, ноќеска беше практично подржавен.

default

Логото на АИГ

Американската Централна банка му позајми 85 милијарди долари на тешко погодениот гигант, спасувајќи го од банкрот, а со цел да спречи турбуленции на берзите. За возврат, централната банка добива 80% од акциите.

За да може да се согледаат димензиите на проблемот, тоа е како да колабира германскиот осигурителен концерн Алианц. АИГ е компанија со вредност на имот во висина од 1,2 билиони долари, има 74 милиони муштерии во 130 земји во светот. Можеби затоа не можеше да се најде никој кој на претпријатието во кус рок би можел да му се најде со капитал. Двете преостанати инвестициони компании, Голдмен Сакс и ЈП Морган, се заблагодарија и одмавнаа, а Вашингтон, и против своја волја и, и покрај огромниот отпор, мораше да помогне и да спречи катастрофа на финансиските пазари.

Како можеше кредитната криза да доведе концерн како што е АИГ на работ на руина? АИГ се заразил од бумот на кредитни деривати, кои се базираат врз долгови, како што се хипотеките и заработувал многу повеќе пари отколку со животни осигурувања, осигурувања на автомобили или недвижнини. АИГ имал вакви хартии од вредност во вкупен волумен од над 400 милијарди американски долари. Бурето се преполнило очигледно со бизнисот со

AIG American International Group Vorsitzender Robert B. Willumstad

Роберт Вилумштад, претседавач на АИГ

кредитните осигурувања. Со ваквите многу компликувани инструменти, големите финансиски концерни меѓусебно се обезбедуваат од неможност за исплата на позајмици од страна на претпријатијата и слични баратели на кредити. Проблемот е што доколку банката стане инсолвентна, осигурувањата што им ги одобрила на други банки, веќе немаат вредност.

Ноќта спрема вторникот, големите агенции за рејтинзи ја намалија оценката за кредитната способност на АИГ. Со ваквото спуштање на рејтингот, АИГ мораше до среда наутро да поднесе нови гаранции, но се наоѓаше во нервозна околина откако банкрот прогласи Леман Брадерс, беше продаден Мерил Линч и колабираа финансиерите на хипотеки, Фани Мае и Фреди Мек - никој од приватното стопанство не сакаше на АИГ да му понуди неопходна гаранција или преоден кредит. Остана само мајката држава. Обединетите подржавени држави на Америка: „Полека многу луѓе осознаваат дека не смее да се дозволи пропаѓање...“, вели на пример Бернард Баумкол, шеф на Економик Аутлук Груп.

Берзите живнаа Вестите за државната помош за концернот АИГ веднаш предизвикаа позитивни реакции на финасиските пазари:

Deutschland Börse Frankfurt Reaktionen Finanzmarktkrise

американските берзи по драматичниот пад затворија со плус. Доу Џонс индексот синоќа порасна за 1,3 проценти.

За натамошно подобрување на изгледите се погрижи и втората по големина американска банка Морган Стенли, која по затворањето на берзите прикажа добри биланси.

По црниот понеделник на меѓународните финансиски пазари по банкарската криза во САД, берзите утрово се опоравуваат од почетните загуби. По латино-американските берзи, кои започнаа со нагорен тренд уште синоќа, раст утрово бележат и азиските берзи.