1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

„Остав“ за регрутниот состав

Стручната јавност во Македонија го отфрла како ретрограден предлогот на началникот на Генералштабот (ГШ) на АРМ, за враќање на задолжителниот воен рок во траење од три месеци.

Се‘ помалиот буџет на АРМ и владината заложба макар и за привремено амортизирање на високиот процент на невработеност, се главни мотиви за предлогот за враќање на задолжителниот воен рок, оценуваат експерти. Министерот за одбрана Фатмир Бесими веќе се изјасни против идејата за враќање на задолжителниот воен рок, но началникот на Генералштабот, генерал-мајор Горанчо Котески, не отстапува од неа, што во основа укажува на паралелизам и неусогласеност во ресорот одбрана. Иако како главен мотив на предлогот беше посочено зајакнувањето на резервниот состав на АРМ, Котески отвори и други аспекти - од мека ревизија на професионализацијата на АРМ, до социјализација на младите и будење на патриотизмот.

„Сметам дека одлуката за укинување на редовната војска беше донесена избрзано. Македонија сега има 8.000 професионални војници, но нема резервен состав подготвен за дејствување во вонредни ситуации, поплави, пожари, земјотреси. Ако 15 отсто од активниот состав на АРМ биде регрутен состав, тоа не се коси со концептите на НАТО. Младите ќе изградат култура на безбедност и одбрана, на почитување на хиерархија, ќе им се разбуди чувството за патриотизам, а истовремено ќе се социјализираат“, смета Котески.

Засега, предлогот го поддржува само првиот началник на Генералштабот на АРМ, генерал Митре Арсовски, со образложение дека комбинираниот систем не е новост. „По тој принцип функционира војската во многу други земји. Пред три години и во Конгресот на САД имаше таков предлог. За него уште се разговара“, објаснува Арсовски.

Неприфатлив предлог

Според предлогот, половината од времето на тримесечниот воен рок би била наменета за обука, а другата половина за работа во логистика.

Поранешниот министер за одбрана Владо Бучковски вели дека таа идеја е неприфатлива. Потсетува дека во неговиот министерски мандат во соработка со советодавниот тим на НАТО е започнат најкрупниот реформскиот процес во АРМ, преточен во Стратегискиот одбранбен преглед (СОП) и усвоен од

Mazedonische Armee

Собранието, кој во 2006 доведе до укинување на задолжителното служење на воениот рок и целосно професионализирање на АРМ.

„Професионалните војници на АРМ во изминативе 9 години, во операциите ‘Слобода за Ирак' и мисијата ИСАФ во Авганистан демонстрираа исклучително висок степен на обученост. Голема заслуга за ова има и високата бројка професионални војници како потенцијал за најсложените воено-безбедносни мисии. Регрутниот состав не би можел да одговори на тие предизвици, а да имаш војници регрути кои само би чувале стража, е непотребен луксуз“, вели Бучковски.

Привремено „вработени“

Сличен став има и д-р Благоја Марковски, претседател на Балканскиот форум за безбедност, кој предлогот го оценува како ретрограден. „Притиснат од помалиот буџет, Генералштабот на АРМ се ориентира кон можноста ‘споредните должности' - стража или обезбедување објекти, да ги обезбеди преку војници од регрутен контингент. Но, со обука од 3 месеци невозможно е да се создаде квалитетен војник кој би бил подготвен исто како професионалниот - за борбени активности. Покритие за овој предлог не може да биде ни пополнувањето на резервниот состав, бидејќи тоа и сега се реализира со доброволно служење воен рок“, потенцира Марковски.

Mazedonische Armee

Билјана Јовановска, поранешна директорка на Агенцијата за вработување, мотивите ги гледа во намерата фиктивно да се намали невработеноста.

„Со овој бесмислен предлог за враќање на воениот рок, од една страна власта покажува дека не и‘ се важни стандардите на НАТО за професионална војска, а од друга, дека има потреба и натаму да ги држи младите подалеку од евиденција, односно од списоците на невработени, бидејќи додека се во АРМ, нема да бараат остварување на своето уставно право на работа“, оценува Јовановска.