1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Оставки на членовите Албанци во пописната комисија

Потпретседателот на пописната комисија, Абдулменаф Беџети и членовите Албанци поднеле оставки на функциите на еден ден пред официјалниот почеток на пописот во Македонија.

Abdulmenaf Bedzeti - Professor für Öffentliche Finanzen an der Max Van der Stul Universität in Tetovo, Mazedonien Bild: DW/Sveto Toevski, 1. - 5. Juli 2011, in Tetovo, Mazedonien

Abdulmenaf Bedzeti

Потпретседателот на Државната пописна комисија, Абдулменаф Беџети си поднесе неотповиклива оставка. Беџети ја потврди оставката за Макфакс и најави дека во текот на денешниот ден ќе ја достави и до претседателката на пописната комисија, Весна Јаневска.

Освен Беџети оставка си дале и останатите членови на Комисијата од албанска националност, незадоволни од техничките и организационите услови за одржувањето на пописот, кој што треба да почне утре. Претседателката Јаневска претходно за агенцијата МИА изјави дека пописот ќе почне навреме, утре во осум часот и ќе се спроведува според Законот. Од ДУИ најавија официјална изјава за денеска. Главната причина за поделеноста меѓу членовите која што кулминираше со оставки, е различното толкување на членот 6 од Законот за попис, во однос на попишувањето на граѓаните кои живеат во странство подолго од една година.

Законот предвидува да се попишуваат граѓаните кои живеат во странство помалку од 12 месеци, додека членовите на комисијата кои се од турска и албанска националност со пописот да се опфатат и сите оние кои живеат во странство подолго од година дена.

Автор: БГ/ макфакс/ миа

Редактор: Александра Трајковска