Оставки за Магат и Дол | Теми | DW | 01.02.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Оставки за Магат и Дол

Во фудбалската Бундеслига деновиве е актуелна смената на тренерските позиции. Баерн Мнхен, Борусија Дортмунд и Хамбургер, во вториот дел од првенството со нови стратези. По вчерашните дуели ситуацијата на врвот на табелата останува непроменета

Феликс Магат

Феликс Магат

Оставката за тренерот на Баерн, Феликс Мага, следува по последното бледо издание на баварците во првенствениот дуел против Бохум кој заврши 0:0. Раководството на тимот до крајот на оваа сезона планира да го ангажира Отмар Хицфилд, претходникот на Магат, со кого Баерн во 2001 ја освои титулата во лигата на шампионите. Претседателот на Баерн Карл Хајнц Румениге изјави:

„ Денеска се разделивме со тренерот Феликс Магат и неговите двајца помошници. Разделбата дојде едноставно, бидејќи со оглед на ваквиот развој моравме да повлечеме вакви потези„ рече Румениге

Смена на тренерската функција има и во Борусија Менхенгладбах. Се повлекува Јуп Хајнкенс, кого во следните натпревари ќе го наследи неговиот заменик Јос Лухукај. Борусија е во криза. 13 натпревари нема постигнато победа. Последен пат тимот славеше на 14 октомври минатата година против Волфсбург, 3:1. Оставка заработи и тренерот на Хамбургер, Томас Дол. Без ниту еден триумф во последните 19 натпревари Хамбургер е на дното од табелата.

Инаку по вчерашните дуели Вердер Бремен ја задржува лидерската позиција на табелата. Вердер на гости во Леверкузен славеше против Баер со 2:0. Менаџерот Клаус Алофс е задоволен:

„Одигравме добра партија но мора да кажеме дека во неколку ситуации имавме среќа„

Во врвот останува и Шалке кој дома се изнамачи против Ахен совладувајќи го со 2:1. Тренерот Мирко Сломка по мечот изјави:

„ Мислам дека двата тима не добиме ништо на подарок. На крајот среќно извојувавме победа„

Инаку веќе во сабота на програмата е директниот дуел меѓу двата првопласирани тима на табелата, Вердер и Шалке. Во останатите вчерашни дуели: Хановер ја прегази Херта од Берлин со 5:0, Мајнц Борусија-Дортмунд 1:0, Хамбург- Котбус 1:1