1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Оставки во Кипар

По силната и смртоносна експлозија во морнаричка база во јужниот дел на Кипар, оставки од функциите поднесоа министерот за одбрана на Кипар и началникот на армијата.

default

Најмалку 12 жртви и 62 повредени

Портпаролот на кипарската влада Стефанос Стефану соопшти дека претседателот Деметрис Христофиас ги прифатил оставките на министерот Костас Папакостас и на началникот Петрос Цаликидис.

Стефану соопшти дека во експлозијата загинале 12 лица а 62 се повредени. Експлозијата веројатно се случила откако шумски пожар зафатил повеќе контејнери со муниција во базата. Очигледно станува збор за конфискувана муниција од Иран која била запленета на патот кон Сирија. Очевидци јавуваат дека базата Евангелос Флоракис која се наоѓа меѓу градовите Лимасол и Ларнака во грчкиот дел на Кипар е речиси целосно уништена. Државната телевизија соопшти дека силната експлозија оштетила и голем број куќи и во едно село во близина на базата.

Покрај тоа, поради пожарот запрена е работата во најголемата електрична централа на островот.

Автор: СН/БГ/дв, ројтерс

Редактор: Трајче Тосев