1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Оставка на јапонски министер поради нечувствителност

Јапонскиот министер за економија, трговија и индустрија Јошио Хахиро, денеска (10.09) поднесе оставка поради изјавите дадени околу контаминацијата во Фукушима.

default

Атомската централа во Фукушима

Министерската кариера на Јошио Хахиро траеше само една недела. Министерот за економија, трговија и индустрија во новата влада на премиерот Јошихико Нода, испровоцира лутина со своите изјави за регионот околу нуклеарната централа Фукушима, кого го нарече „град на смртта“. Според изјави на очевидци, Хахиро по посетата на Фукушима наводно ја истрил својата јакна од еден од присутните новинари, забележувајќи: „Ќе Ве заразам со радијација“.

Сето тоа предизвика лутина во јавноста, а опозиционите партии побараа од премиерот да го отпушти министерот поради нечувствителност. „Ако мислевте на чувствата на населението во Фукушима, сигурно не би го сториле тоа“, изјави Шигеру Ишиба, висок член на водечката опозициона Либерално-демократска партија.

„Кјодо њус“ јави дека премиерот Нода ја прифатил оставката на Хахиро, која доаѓа на само еден пред одбележувањето на шест месеци од земјотресот и цунамито во Јапонија, кои зад себе оставија 20.000 загинати и предизвикаа нуклеарна катастрофа во Фукушима.

Автор: ЕМФ/афп

Редактор: Б. Георгиевски