1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Оставка на јапонскиот премиер

Непопуларниот јапонски премиер Јасуо Фукуда вчера поднесе оставка. Како причина тој ја наведе политичката блокада во парламентот. Фукуда помина само околу една година на функцијата, токму како и неговиот претходник Абе.

default

Премиерот во оставка, Јасуо Фукуда

Оставката дојде сосем ненадејно. Фукуда свика вечерта по локално време прес-конференција на која соопшти:„Мислам дека е неопходно нов тим да ја спроведе нашата политика. Затоа се решив да се повлечам. Мислам дека е сега најдобар момент за тоа, за да се спречи политички вакуум“.

Јасуо Фукуда лани во спетември ја презема премиерската функција и челното место во либерално-демократската партија од Шинзо Абе. Владата на Фукуда од самиот почеток имаше хронично слаби резултати во анкетите, а на крајот подршката од населението изнесуваше помалку од 30 проценти. Поради тоа пред неколку недели тој изврши смена на повеќемина министри со намера да го динамизира стопанството на земјата.

Во парламентот тој постојано се бореше со проблеми, оти неговата коалиција има мнозинство само во Долниот дом на парламентот, додека Горниот го контролира опозицијата. „Имав многу проблеми поради тој поделен парламент. Често пати се случуваше мојата молба за разговор со опозицијата едноставно да биде одбиена. Отфрлени се и важни закони што ги поднесовме“, се пожали Фукуда. Тој веќе дал налог за подготовка на вонреден конграс на партијата за избор на негов наследник. Многумина сметаат дека тоа ќе биде поранешниот јапонски министер за надворешни работи Таро Асо.

Оставката на Фукуда не значи автоматски и нови избори – неговиот наследник ќе се обиде во Долниот дом да обезбеди мнозинство за својата политика и да владее до истекот на легислативниот период. Во тој случај редовни избори би се одржале во септември наредната година.

Поврзана содржина