1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Оставка на Хајнрих фон Пирер

Претседателот на Надзорниот одбор на Сименс ќе се повлече од функцијата како консеквенција од аферата со корупција во концернот

Хајнрих фон Пирер

Хајнрих фон Пирер

Фон Пирер, образложувајќи го своето решение кон средината на наредната недела да се повлече од функцијата, во Минхен изјави дека смета оти со нов човек на тоа место концернот ќе може повторно да се врати во помирни води. Тој уште еднаш отфрли било каква лична одговорност за аферата со трошење стотици милиони за подмитување на деловни партнери во странство.

По откривањето на аферата, за која се води кривична истрага против актерите во неа, фон Пирер одбиваше да поднесе оставка велејќи дека тоа би било како признавање на вина. Сега, според претпоставките, тоа сега го стори под притисок од други членови на Надзорниот одбор, оти системот на подмитување бил изграден во време додека тој беше претседател на Управниот одбор, па не е најпогодна личност за расчистување на работите.

Хајнрих фон Пирер повеќе од 12 години го водеше концернот и во тој период Сименс го удвои приходот на околу 75 милијарди евра. На почетокот од 2005-та шефовската функција му ја предаде на Клаус Клајнфелд, и премина на чело на Надзорниот одбор. По повлекувањето на фон Пирер, претседател на Надзорниот одбор на Сименс ќе биде Герхард Кроме, сегашен претседател на Надзорниот одбор на концернот ТисенКруп.