1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Оставка на унгарскиот претседател поради фалсификуван докторат

Под притисокот на јавноста, откако универзитетот во Будимпешта му ја одзеде докторската титула поради плагијат, претседателот на Унгарија Пал Шмит поднесе оставка.

„Според унгарскиот устав , кој го имам потпишано. претседателот претставува единство на нацијата”, изјавил претседателот Шмит во Парламентот.

„Кога мојата лична ситуација носи раздор во мојата сакана нација, наместо да се обединува, моја должност е да ја завршам својата служба и да поднесам оставка на позицијата претседател”, рекол Шмит.

Минатата седмица Универзитетот во Будимпешта Семелвајс му ја одзеде на Шмит титулата доктор на науки, а опозицијата го повика да си даде оставка. Тој во петокот изјави дека нема да го стори тоа бидејќи совеста му е чиста и дека не му е непријатно што е компромитиран во јавноста, особено што случајот не можел да се изнесе пред универзитетскиот сенат кој донел одлука за одземање на докторката титула. Шмит изјави дека докторската дисертација ја напишал во 1992. година самостојно и дека ќе ја тргне лагата од неговото име така што ќе напише нова дисертација.

Шмит докторската титула ја добил на дисертација за историја и еволуцијата на модерните Олимписки игри.

Претседателот на Унгарија, Пал Шмит, во петокот вечерта се обрати преку државната телевизија нагласувајќи дека докторатот го стекнал пред дваесет години, а дека е избран за претседател на државата на изборите пред една година.

Pal Schmitt Ungarn Präsident

Пал Шмит до последен момент го одбегнуваше непријатниот чекор

„Искрено, не гледам никаква врска меѓу докторатот и претседателството.

Прифаќам дека останав без титула, но пишувајќи ја дисертацијата ги почитував правилата коишто тогаш беа на сила. Иако имам 70 години, се‘ уште имам енергија и ќе напишам нова дисертација за да го докажам тоа", нагласи унгарскиот претседател.

На 69- годишниот Шмит, двократен освојувач на златен олимписки медал во мечување и четвртиот претседател на Унгарија по падот на комунизмот, универзитетот му го одзеде докторатот бидејќи по новинското откритие за Шмит како плагијатор објавено на порталот hvg.hu, спровел интерна истрага при што било утврдено дека некои поглавја од дисертацијата не ги задоволувале научните и етичките стандарди.

Како што во саботата изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан за радиото Kossuth, според унгарскиот закон претседателот е „недопирлив" и само тој може да донесе одлука за својата оставка. Порталот hvg.hu напиша во јануари дека неговата дисертација е препишана од збор до збор од текст на француски од 1980. година кој го напишал сега починат бугарски спортски стручњак и дипломат, Николај Георгиев.