1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Оставка на украинскиот премиер Азаров

Премиерот Микола Азаров ја напушти функцијата, образложувајќи ја одлуката со потребата од смирување на политичките тензии во земјата кои доведоа до повеќемесечни протести и крвави судири.

Украинскиот премиер Микола Азаров поднесе оставка заради смирување на политичката криза која два месеци ја потресува Украина.

„Со цел да се создадат дополнителни можности за политички компромис, поради мирно решавање на судирите, донесов одлука да го замолам претседателот на Украина да ја прифати мојата оставка“, се наведува во соопштението објавено на интернет страницата на кабинетот на премиерот.

„Конфликтната ситуација во земјата се заканува на економскиот и социјалниот развој на Украина, претставува закана за целото украинско општество и за секој граѓанин“, истакнува премиерот. Според него, за време на конфронтацијата, Владата правела се‘ за да биде решен конфликтот по мирен пат.

„Правевме и правиме се‘, за да не дозволиме крвопролевање, ескалација на насилствата, повреда на правата на граѓаните. Владата, во екстремни услови, обезбеди фуинкционирање на економијата и на системот за социјална заштита“, истакна Азаров.

Според него, тој вложил големи напори за да може Украина да се развива како демократска европска држава, презел одговорност во интерес на народот и поради тоа може чесно секому да погледне в очи. Вонредната седница на Парламентот, на која ќе се дискутира за уредувањето на политичката криза, е прекината и објавена е получасовна пауза заради утврдување на дневниот ред, соопшти претседателот на Парламентот, Володимир Рибак.

Тој претходно соопшти дека Парламентот денеска нема да дискутира за воведување вонредна состојба во земјата, туку ќе се расправа за начините за ставање крај на двомесечната криза во земјата откако претседателот Виктор Јанукович попушти пред клучното барање на опозицијата да се укинат драконските антипротестни закони. Јанукович, по вчерашната средба со опозицијата, се согласи да ги укине строгите закони, а пакетот закони на кои опозицијата нема забелешка, пратениците ќе ги потврдат на денешната вонредна седница. Јанукович, исто така има намера да ослободи од притвор и голем број демонстранти, но само под услов окупираните страни на министерствата и општинската власт да се ослободат и да се отстранат барикадите.

Опозицискиот лидер Аресниј Јацењук, поранешен министер за надворешни работи, и денеска ја одби понудата на Јанукович да го заземе премиерското место, додека лидерот на опозициската партија УДАР Виталиј Кличко го одби местото заменик премиер, истакнувајќи дека тоа е „отровна понуда“ која има за цел да направи поделба во опозицијата.