1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Оставка на претседателот на најголемиот автомобилски клуб во Европа

Претседателот на Aвтомобилскиот сојузот на Германија (АДАЦ) Петер Мајер поднесе оставка. Оваа одлука доаѓа како реакција со скандалот околу манипулацијата на наградата за најпопуларно возило во Германија.

Претседателот на АДАЦ Петер Мајер се произнесе дека не сака повеќе самиот да ја сноси одговорноста за грешките и манипулациите во најголемиот атомобилски клуб во Европа. Измината недела тој одбиваше да поднесе оставка. „Да се бега, според мое гледиште е погрешен сигнал“. Негова обврска е и натаму да се бори, рече тој за весникот „Франкфуртер алгемајне зонтагсцајтунг“.

Оставката доаѓа токму на денот, кога екстерно претпријатие за проверка на економското работење на клубот треба да го предаде својот извештај за обвинувањата за манипулации во автомобилскиот клубот. Засега е неизвесно дали извештајот е предаден. Автомобилскиот клуб претходно се изјасни дека пред да биде објавен во јавноста, извештајот ќе биде анализиран.

Засега се знае дека при изборот на Фолксваген Голф за најомилен автомобил на Германците биле фризирани бројките. Автомобилскиот клуб меѓутоа изгледа не само што ги поправал бројките од гласањето при последниот избор, туку според весникот „Зиддојче цајтунг“ го манипулирал и пласманот. Ова произлегувало од интерни документи на сојузот.

Автоконцерните БМВ, Дајмлер и Фолксваген го чекаат извештајот, пред да одлучат да ги вратат наградитите од АДАЦ. Колективно враќање на наградите ќе биде натамошно нанесување штета на имиџот на најголемиот автомобилски клуб во Европа со речиси 19 милиони членови.