1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Оставка на египетската влада

Египетскиот привремен премиер Хасем ел-Беблави ненадејно објави оставка на неговата влада. Дали зад овој чекор во Каиро стои првиот човек на армијата - Абдел Фатах ал-Сиси?

Премиерот на преодната влада Хасем ал-Беблави оставката на својот кабинет ја предал кај претседателот на државата, Адли Мансур, објави во кусото обраќање преку телевизијата, без да невадува причини на повлекувањето.

„Кабинетот, во рамките на можностите, постигна добри резултати“, рече Беблави.

Verteidigungsminister Abdel Fattah al-Sisi

Абдел Фатах ал-Сиси

Тој посебно го истакна подобрувањето на безбедносната состојба во земјата. Египет се наоѓа на правилниот пат во правец на демократија, но пред граѓаните се исправени некои предизвици, рече Беблави.

Поранешниот министер за финансии по соборувањето на исламистичкиот претседател Мохамед Мурси од страна на војската во летото минатата година, беше назначен за премиер на привремената влада. Командантот на армијата Абдел Фатах ал-Сиси, кој важи за фаворит на претстојните претседателски избори во земјата, беше министер за одбрана во владата на ал-Сиси.

Со оставката Беблави го ослободи патот за кандидатурата на ал-Сиси, се истакнува во Каиро. Тој наводно не сакал сам да поднесе оставка. Претседателските избори веројатно ќе се одржат во април.