1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Оставка на Државната пописна комисија

Македонските медиуми објавија соопштение на Државната пописна комисија од седница, одржана во текот на вечерта, во кое се вели дека Комисијата ги сопрела сите активности.

default

Скопје

Во соопштението на Државната пописна комисија се вели дека не се исполенти основните услови за натамошна реализација на пописот во Македонија, поради што таа ги сопира сите активности поврзани со пописот. Ова во најголема мера се однесувало на нееднаквата примена на методологијата утврдена од страна на Државниот завод за статистика, а усогласена со Еуростат.

Државната пописна комисија од овие причини констатирала дека пописот не можел да резултира со релевантни податоци врз основа на што комисијата не можела понатаму да ги исполнува своите законски обврски. Поради тоа сите членови на Државната пописна комисија поднесле неотповиклива оставка, јавува македонскиот интернет портал „Кирилица“. ДПК ги повикала сите учесници во пописот 2011 да ги сопрат сите натамошни активности поврзани со пописот.

Автор: АТ/„Кирилица“

Редактор: Е.М.Фиданоска

DW.COM