1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Оставка на Волфовиц

По повеќенеделна дискусија претседателот на Светската банка,Пол Волфовиц даде оставка на функцијата.Интерен истражен одбор го обвини Волфовиц дека ги прекршил правилата на банката,со тоа што и помогнал на неговата пријателка да добие зголемување на платата и унапредување.

default

Официјалното објаснување на Директориумот на Светската банка за оставката на Волфовиц личи во голем дел на добра препорака.Цел дел ги набројува неговите успеси.Во врска со зголмувањето на платата и унапредувањето на неговата пријателка се вели дека Волфовиц го уверил директориумот дека работел морално коректно и во интерес на банката и дека тоа објаснување е прифатено.

Но,д-р Екарт Дојчер,претставник на Германија и претседател на директориумот,синоќа во Вашингтон нагласи дека претставниците на САД и на Велика Британија не би се согласиле со поостри формулации.

Дојчер меѓутоа јасно кажа дека директориумот дошол до заклучок дека Волфовиц веќе не е во состојба и натаму ефикасно да ја води банката:

„Причините кои доведоа до тоа,германската влада да смета дека господин Волфовиц веќе не е пожелен,се наоѓаат исклучиво во начинот на кој тој во последно време ја водеше Светската банка.Постои прекршок против етиката и персоналните правила.

Раководството на Светската банка,менаџментот и акционерите ја загубија довербата во Волфовиц“,вели Дојчер.

Освен тоа,во двата разговори кои со него ги водеше директориумот,тој не пружил уверувачка стратегија за иднината.Критикувана е и неговата агресивна одбранбена стратегија:

„Со тоа тој демонстрираше проблематичен став кон институциите и нивните правила,како и непримерен однос.“

Пол Волфовиц постојано се бранеше дека работел по налог на телата на Светската банка.Дојчер на тоа вели дека Волфовиц од почетокот избегнувал да го вклучи правниот оддел на банката.

Извештајот на интерниот истражен одбор,кој излезе пред неколку дена,покажа и проблеми во самата Светска банка.Наредбите до Волфовиц не биле сосема јасни,се вели во него.Мора да бидат проверени и улогата и наводите на Комисијата за етика.И тоа се наоѓа во објаснувањето на Директориумот.Таму се вели дека и други личности направиле цела редица грешки и дека системот на банката не одговарал на она што го барал овој случај.

Денеска Директориумот инаку има советување као да постапува натаму во следните недели.Волфовиц на функцијата останува до крајот на фискалната година,до 30 јуни,но како што вели Екард Дојчер,ветил дека нема веќе да донесува важни одлуки.Тој нема да присуствува ниту на самитот на Г8 во Германија.

Потрагата по можен наследник тече со полна пареа.