Претседателот на Светската банка Пол Волфовиц најави оставка на функцијата на 30 јуни. Повлекување е последица на долгата афера околу поддршката на неговата животна сопатничка за добивање повиска функција со поголема плата. Директориумот на банката модалитетите на оставката ги договори со адвокатите на Волфовиц. Американскиот претседател Џорџ Буш изрази жалење поради ова решение и најави дека набргу ќе предложи наследник на Волфовиц.