1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Оставка како најава за владина реконструкција?

Оставката на потпретседателот на македонската влада, Ивица Боцевски, задолжен за евроинтеграции, предизвика многу реакции. Се шпекулира дека ќе следат големи промени во кабинетот на премиерот Никола Груевски.

default

Боцевски повлече нога?

Мистериозна оставка според тајмнигот и според мотивите на вицепремиерот Боцевски, што е експресно прифатена од премиерот. Евроминистерот за евроитеграциии и натаму е во САД, каде што останува по разговорите со дијаспората, пишува весникот „Вест“. Според „Дневник“, Боцевски важеше за еден од најблиските луѓе од доверба на Груевски, кој кумувал и при изборот на професорот Ѓорѓе Иванов за претседателски кандидат на владеачката партија. Сепак, „Дневник“ пишува дека евроминистерот имал опструкции од партискиот врв на ВМРО-ДПМНЕ во реализацијата на реформите од агендата на Европската унија. Боцевски важеше за силен промотор и лобист за визната либерализација и разбивање на шенген бариерите, за што говореше и во едно од последните јавни интервјуа за Дојче веле:

„Нашиот, како што јас често го нарекувам морален аргумент, дека не може граѓани на европска држава да бидат зад шенгенскиот ѕид, во моментот е потпрен и поддржан од реални факти. Македонија ги исполни одредниците.“

Ненадејната оставка на вицепремиерот Боцевски се поврзува и со владиниот притисок, од земјата да замине амбасадорот Ерван Фуере или Брисел да ја затвори својата канцеларија на специјален претставник на Унијата.

Nikola Gruevski - Mazedonischer Ministerpräsident - Wahlkampf.jpg

Премиерот Никола Груевски

Благодарност за соработката и критики за работата

„Длабоко ја почитуваме и ја разбираме личната причина во оставката на господинот Боцевски, задоволни сме и му благодариме за досегашната соработка“. Овие првични реакции на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, не ги откриваат мотивите за експресното заминување на Боцевски, кој најпрвин беше гласноговорник, а потоа по вонредните парламентарни избори лани летоска, и на изненадување на јавноста стана вицепремиер за европски интеграции. Во својата оставка тој наведува дека се исцрпени неговите владини ангажмани околу евроинтеграцијата.

„Со ова тој фактички ја признава неуспешната политика на владата на Република Македонија во евроинтеграциските процеси, значи веќе ја остава одговорноста на Никола Груевски“, оцени Цветанка Иванова од СДСМ.


Автор: Александар Чомовски

Редактор: Жана Ацеска