1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Оставката на Халуц ја продлабочува кризата во Израел

Шефот на Генералштабот Халуц беше критикуван дека не постигнал ниедна цел во војната против Хезболах во Либан,но сега се погласни се гласовите дека не е само тој одговорен-дел од вината треба да преземат и министерот за одбрана Перез како и премиерот Олмерт.

Халуц со Олмерт и Перец

Халуц со Олмерт и Перец

Израелските опозициони партии по оставката на Дан Халуц целат на премиерот и на министерот за одбрана:Генералштабот не е единствениот кој направи грешки во војната во Либан.Одговорна е и владата,изјави Офир Пинес Пас од Работничката партија,кој до есента лани припаѓаше како министер на владата на Ехуд Олмерт.Шефовите на фракциите на левоориентираната Мерец и на десничарската Ликуд партија бараат оставка на премиерот и министерот за одбрана,цитат:Нема никаква смисла Генерлшабот да ја преземе целата вина,додека неговите претпоставени на политичката бина остануваат на функциите,рече Гидеон Саар од Ликуд.

Екс министерот Силван Шалом исто од Ликуд,политичките последици на оставката на Халуц ги опишува со мрачни зборови:

-Ваква одлука, ако се потсетиме на примери од минатото,ќе води крајно кон тоа да не остане на оставката на шефот на Генералшатбот.Не гледам никакви други можности,мислам дека претстои лавина.Оваа одлука ќе ја потресе цела влада.Не постои право и судија,секој прави што сака,овие денови не постои крал во Израел.

Оставката на Халуц,кој важеше за арогантен,во Израел го подгреа расположението кое важеше непосредно по војната во Либан:тогаш големо мнозинство од населението бараше комплетна оставка на владата.Сегашните реакции се слични:

-Целата оваа влада мора да си даде оставка.Кога си заминува Халуц,сите мора да дадат оставки.

-Халуц уште одамна требаше да си замине,исто и министерот за одбрана.Веднаш по војната.Како и премиерот.Сите требаше да си дадат оставки.

Шефот на Генералштабот во месеците по војната во Либан веруваше дека ќе го преживее незадоволството поради потфрлувањата на армијата.Во тоа му помагаше и ставот на премиерот Ехуд Олмерт и министерот за одбрана Перец кои немаа интерес за персонални консеквенци на врвот на војската,зашто таа ужива голем углед кај народот.Но при истрагата во армијата многу офицери подигнаа тешки обвиненија на адреса на шефот на Генералштабот,кој веруваше дека само за неколку дена со авијација ќе го победи Хезболах во Либан.