1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Оспоруваната Комисија за човекови права е мртва, да живее новиот Совет за човекови права

САД гласаа против востановување на Совет за човекови права на ОН

Од гласањето во Генералното собрание

Од гласањето во Генералното собрание

„За гласаа 170, против 4, се воздржаа три. Резолуцијата е усвоена“ – објави денеска во Њујорк претседателот на Генералното собрание на ОН Јан Елисаон. Реформата всушност требаше да биде спроведена со консензус, темата човекови права во ОН, според шведскиот дипломат, требаше да биде неделива. Пред гласањето Јан Елиасон призна: „Ниедна земја-членка не доби се’ за што се бореше“.

Поради тоа и не беше лесно да се добие согласност. Гласањето, на кое му претходеше долга ноќ на дипломатска борба, го побараа САД. Тие на крајот останаа на своето не, но толку омекнато, што е слично на согласност. „Ние немаме доволно доверба во овој текст, за да можеме да кажеме дека Советот ќе биде подобар од претходниот орган. Со таа претходна забелешка, САД заедно со другите членови ќе работат на тоа Советот да биде толку силен и ефикасен, колку што може“ – рече амбасадорот Џон Болтон. Против Советот беа уште Израел, Палау и Маршалските острови, додека Белорусија, Иран и Венецуела се воздржаа.

Западните дипломати, како германскиот амбасадор Гунтер Плојгер, беа задоволни: „Мислам дека го направивме вистинскиот чекор. Се’ друго би водело до таму, да немаме во ОН никаков веродостоен форум за човековите права“. Швајцарскиот амбасадор Петер Маурер додаде: „Доколку во некоја земја-членка на Советот за човекови права се случуваат тешки и систематски кршења на човековите права, тогаш генералното собнрание со двотретинско мнозинство ќе мора да реши дали таа земја ќе биде суспендирана“. Освен ова, Маурер како голема предност на Советот во однос на претходната Комисија го смета и годишното преиспитување на состојбата со човековите права кај земјите што треба да бидат новопримени во Советот.

Новото тело ќе може во секое време да реагира на кршењето на човековите права и ќе има повеќе фиксни заседанија во Женева. 47-те места во него се распределени според регионалните групи и им даваат поголема тежина на Азија и Африка наспроти Европа. Реформата меѓу другото и поради тоа ја подржаа Амнести Интернешенел и Хјумен Рајтс Воч.

И генералниот секретар на ОН Кофи Анан е задоволен со усвоениот компромисен предлог, иако не е помина се’ што тој предложи, а Јан Елиасон вака го резимира резултатот на гласањето: „Усвојувањето на оваа резолуција е единствена пригода за свеж старт за човековите права“.