1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Осомничен за тероризам уапсен на аеродромот Келн-Бон

Германската криминалистичка служба на аеродромот Келн-Бон уапси лице осомничено за тероризам. 27 годишникот со германско и либиско државјанство сакал да замине за Тунис.

Кратко пред Ахмед К. да ја напушти Германија, германската криминалистичка служба (БКА) во петокот го приведе на аеродромот Келн-Бон, потврди портпаролот на Државното обвинителство од Карлсруе. Претходно информацијата ја јави државната станица Зидвеструндфунк, според која лицето сакало да замине за Тунис.

Според податоци на Државното обвинителство, истражниот судија во меѓувреме издал налог за притвор и наредил истражен затвор. Постои сомневање дека 27 годишниот маж е член на терористичката организација „Исламско движење на Узбекистан“, изјави портпаролот. Тој собирал пари и водел пропаганда. Освен ова бил авторизиран во Германија да прифаќа членови во терористичката организација.

Ахмед К. по се’ изгледа одамна им е познат на надлежните германски власти. Уште во 2009 година со други тројца мажи, една жена и едно дете од Германија отпатувал за Пакистан, каде при нелегално минување на границата бил фатен од пакистанските власти, јавува станицата Зидвеструндфунк. По шестмесечен затвор, дел од групата, меѓу нив и Ахмед К. се вратиле во Германија. Двајца од притворените мажи тогаш во затворот во Пакистан признале дека сакаат да заминат во „Џихад“, света војна.

„Исламистичкото движење на Узбекистан“ е терористичка група која оперира во централна Азија, Авганистан и Пакистан,

и исто така припаѓа на глобална мрежа исмламистички организации околу Ал Каеда, Талибанците и други. Оваа група постојано успева да регрутира лица од Германија.