1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Осомничените пред истражен судија

Почна сослушувањето на дел од синоќа приведените познати јавни личности за кои постои сомневање дека се вплеткани во перење пари и проневера на државни фондови

default

Во скопскиот суд напладне започна сослушувањето на Рубинчо Заревски,директор на меѓународната телеком компанија Т мобајл во Македонија.Тој е осомничен за наводна проневера и незаконитост додека беше директор на Фондот за здравство во претходната влада на Бранко Црвенковски.Т мобајл,во кој главен акционер е Дојче Телеком преку унгарската компанија,ја чека истрагата за да реагира на приведувањето на својот прв менаџер Рубинчо Заревски.Во раните утрински часови МВР приведе уште 20-тина други лица,меѓу кои адвокати,нотар,судија,па и овчарот Џемаили.Сите се познати по скандалот Бачило,кога државата му платила над 700 илјади евра за наводно убиено стадо во војната во 2001 година.Јавноста с есомнева дека таа сума е над реалната цена и дека во целиот систем затаиле органите надржавата:правобранителството,судството,обвинителството.Н а истрагата не и е достапен екс заменикот министер за економија Саша Андоновски,близок на владата на СДСМ на Владо Бучковски,кој е вплеткан и во овој случај.Извори на МВР тврдат дека приведената група од 20-тина познати адвокати,нотари ,судија и екс директорот на Катастар Алексова се дел од поголем синџир за перење пари,избегнување на даночните обврски како и манипулација со градежните парцели.Се тврди дека во центарот на Скопје е платен плац за 300 илјади евра,иако пазарната цена е над 5 милиони евра за да се избегнат даноците.Владата на Груевски порешително стапува во борбата против корупцијата и криминалот,на што особено инсистира Брисле на патот на Македонија кон евроатланско зачленување.Во домашен притвор веќе е Љубе Трпевски,екс гувернер на Централаната банка осомничен за големи финансиски малверзации од над 60 милиони евра.Во тек е и брзо судење на актери од урбаната мафија која се смета дека во Македонија има извршено проневера од неколку десетини милиони евра неплатени давачки за градежни дозволи.Премиерот Груевски изутрината се врати од Рим,каде што беше на преговопри меѓу другото и за ангажирање италијански експерт кој би помагал за средување на состојбите во македонското државно обвинителство.