1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Осомничениот убиец од Аурора ќе биде формално обвинет

Џејмс Холмс, осомничениот убиец од киното во Аурора, денеска (30.07) ќе биде формално обвинет, но разлика од почетокот на процесот - камери не се дозволени! Во случајот се изречени и други забрани.

Кога Џејмс Холмс денеска ќе се појави пред судот по втор пат, но нема да има фотографии и филмови. Судијата претседавач Вилијам Б. Силвестер ја изрече забраната, меѓу другото, на желба на одбраната на Холмс.

Сликите на осомничениот убиец пред судот го обиколија светот и се постојано повторувани на американските медиуми. Тие прикажуваат прилично збунет човек со црвена коса. Судијата Силвестер минатата недела изрече и други забрани, за да ја запре поплавата вести околу Холмс и, како што рече, „да не ја загрози актуелната истрага“.

Така, меѓу другото, освен одбраната и обвинителството, никој не смее да зборува со медиумите. Универзитетот во Колорадо, каде Холмс студирал, не смее да дава информации за 24-годишникот. Поротата за него треба да формира мислење само преку судскиот процес, а не да биде под влијание на медиумските извештаи.

Denver Attentat

Во атентатот во киното загинаа 12 луѓе, а 58 беа повредени

Сепак, и покрај забраната за информаци, во оптек се различни верзии со претпоставки. Според дел од нив, студентот на неврологија бил под психијатриски третман. На својот психолог на универзитетот наводно и‘ испратил пакет со своите планови за убиство, но таа ги добила предоцна.

Обвинението против Холмс денеска ќе го изнесе Керол Чемберс. На својата прва прес-конференција таа рече: „Ќе се однесуавме кон него како кон секој друг обвинет.“ Таа предвидува траење на судскиот процес од околу една година.

Џејмс Холмс најверојатно ќе биде обвинет за убиство од прв степен во 12 случаи. Убиство од прв степен значи дека се потребни планирање и намера и се извршува со особена рамнодушност кон жртвите. За такво нешто, во Колорадо следува смртна казна.