1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Осомничениот терорист од Лондон пред суд

Еден од двајцата осомничени за убиството на британскиот војник во Лондон денеска (30.05) ќе се појави пред суд. Мајкл Абедовале се товари за убиство и поседување оружје.

Британското обвинителство соопшти дека Мајкл Абедовале, кој е обвинет дека заедно со 28-годишниот Мајкл Абедолајо (на фотографијата) пред една недела го уби британскиот војник Ли Ригби во лондонскиот кварт Вулвич, денеска (30.05) ќе се појави пред судот во Лондон. Според изјави на очевидци на убиството, осомничените напаѓачи прво со автомобил ја удриле жртвата, а потоа со сатар и ножеви се нафрлиле врз 25-годишниот војник. Делото во Велика Британија предизвика вџашеност и огорченост.

Според наводи на полицијата, главно осомничените се британски државјани со нигериско потекло. Тие израснале како христијани, а потоа конвертирале во ислам. На една аматерска видео снимка по убиството, еден од напаѓачите го образлага делото со воените мисии во муслиманските земји. Двајцата осомничени по убиството беа погодени од страна на полицијата и однесени во различни болници.

Истрагата смета дека делото има исламистичка позадина. Покрај двајцата главни осомничени, има уште две уапсени лица кои се обвинети за соучество.