Осомничениот напаѓач од Лас Вегас се самоубил | Свет | DW | 02.10.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Осомничениот напаѓач од Лас Вегас се самоубил

Во напад на музички фестивал во Лас Вегас загинаа најмалку 50 лица, а повеќе од 400 се повредени, од кои дел се во тешка состојба.

Осомничениот напаѓач Стивен Падок најверојатно сам си го одзел животот пред полицијата да влезе во хотелската соба во центарот на Лас Вегас, каде што бил забарикадиран по нападот. Полицијата до него пронашла повеќе парчиња оружје. 64-годишниот Падок претходно пукаше во публиката на кантри-концертот во рамките на музички фестивал во американската туристичка метропола. Притоа уби најмалку 50 луѓе, а повеќе од 400 се повредени, од кои дел тешко. Истрагата смета дека нападот го извршило само едно лице.

Очевидци тврдат дека на концертот, на кој биле присутни околу 30.000 луѓе, се слушнале стотици истрели. Голем број раскрварени луѓе лежеа на земја, изјави за Си-Ен-Ен младо момче кое присуствувало на крвопролевањето. Кери Пирсон, која исто така била присутна на коцертот, за агенцијата ДПА рече: „Ползевме по мртви луѓе.“ Таа слушнала повеќе истрели, најверојатно од автоматско оружје.

Полицијата на Твитер ги повика граѓаните да го избегнуваат местото каде што се одржувал концерот, кое инаку е во близина на казината и на аеродромот. Познатиот булевар во Лас Вегас е затворен, а одредени летови кон градот се пренасочени.

Американскиот претседател Доналд Трамп им изрази сочувство на жртвите и нивните семејства. „Најдлабоко сочувство за жртвите на ужасното пукање во Лас Вегас и нивните семејства. Господ да ве чува“, напиша Трамп на Твитер.