1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Осомничениот информант на Викиликс е обвинет и формално

Осомничениот информант на Викиликс, Бредли Менинг, мора да одговара пред американски воен суд поради „поддршка на непријателот“. Ваква одлука донесе судија во воената база Форт Мид, во сојузната држава Мериленд.

default

Бредли Менинг

Доколку поранешниот аналитичар во тајните служби биде прогласен за виновен, му се заканува доживотен затвор. Обвинението го товари Менинг дека додека бил стациониран во Ирак ја снабдил интернет платформата Викиликс со 700.000 документи, од кои поголемиот дел тајни. Менинг не се изјасни пред судот за тоа дали се чувствува виновен. Набљудувачите од тоа изведуваат заклучок дека обвинителството и одбраната би можеле да постигнат договор пред почетокот на процесот. На тој начин Менинг би добил поблага казна. Американските медиуми оценуваат дека се работи за најтежок случај на издавање државна тајна во американската историја.

Одбинителството соопшти дека датум за почеток на судскиот процес што го преферира е 3 август. Одбраната сака главниот претрес да почне најдоцна во јуни. „Денес Бредли Менинг е 635 дена во притвор“, изјави неговиот адвокат Дејвид Кумбс. Затоа, според него, процесот не смее да се одлоговлекува.

Автор: ЕМФ/ дв/ афп

Редактор: А. Трајковска