1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Осомничениот за убиството сам се предал

МВР официјално потврди дека го уапсило лицето кое синоќа смртно застрела три лица во ресторан во скопската населба Аеродром. Мотив за убиството, според сегашните сознанија, се нерасчистени должничко-доверителски односи.

default

Станува збор за скопјанецот со иницијали Т.Д., кој синоќа околу 19 часот и 40 минути со автоматска пушка, во рибниот ресторан во

Mazedonien Mord in Skopje

Истрагата продолжува

скопскиот трговски центар „Три Бисери“, ги застрела Јордан Јорданов и Влатко Андреев, двајцата од Велес и Владо Милошев, вработен во МВР, кои седеле на иста маса. Осомничениот за убиството утрината сам се предал на полицијата, изјави за Дојче Веле министерот за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. Според нејзе, лицето Т.Д. го признал тројното убиство. Мотивот кој го навел, вели Јанкуловска, биле притисоци, закани и нерасчистени долгови. Во текот на денов осомничениот ќе биде предаден на истражен судија, кој согласно законот ќе преземе соодветни правни мерки.

Жива остана само девојката која седела со убиените

Неофицијално, загинатиот Милошев, кој инаку е вработен во МВР бил роднина на шефот обезбедувањето на премиерот Никола

Mazedonien Ausweis

Јанкуловска: Мотив биле притисоци

Груевски, Дејан Митровски. Другите две лица се поврзуваат со трговија на дрога и важат за дел од таканаречената „франкфуртска мафија“, која оперирала во Австрија и Германија.

На прашањето - како припадник на МВР се нашол во друштво на лица за кои се смета дека се поврзани со франкфуртската мафија, Јанкуловска дипломатски одговара дека припадникот на МВР немал какво било криминално минато, или криминално досие. Истрагата, вели Јанкуловска, ќе продолжела.

Инаку, во крвавиот инцидент жива остана само девојката која во времето на нападот седела на масата со тројцата убиени.

Истрагата на полицијата за целосно расчистување на случајот, е во тек.

Автор: Костадин Делимитов

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска