1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Основачот на САП подарува милијарди

Пионирот за софтвери Хасо Платнер го следи примерот на американските легенди Ворен Бафет и Бил Гејтс и се приклучи кон нивната иницијатива „The Giving Pledge". Со тоа ќе го донира половина од својот имот.

Организаторите на акцијата „The Giving Pledge" (Ветување за донации) во Њујорк го претставија првиот Германец во нивниот екслузивен клуб на супердонатори. Критериум за прием за членовите е нивната готовност, да го донираат најмалку половина од своето богатство - тоа за коосоновачот на „САП“ Хасо Платнер се проценува на речиси петипол милијарди евра.

Фирмата „САП“ од Баден Виртемберг е водечки производител на софтвери за претпријатија со годишен обрт од 16,22 милијарди евра. Нејзини муштерии се повеќе од 232.000 фирми  во целиот свет и тоа практично од сите бранши. Концернот има речиси 65.000 соработници.

Многу донатори од САД

Имал привилиегија, практично бесплатно да студира на универзитетот во Карлсруе, еден од најдобрите технички факултети во Германија, напиша Платнер во своето писмо: „Без сомнение тоа беше основата на мојот личен успех“. Тој се чувсвува обврзан кон своето софтверско претпријатие. „Но сакам да му вратам нешто и на општеството, кое го озвоможи моето образование. Фодацијата е можност да се сторат и двете работи“.

Економскиот магазин „Форбс“ го проценува имотот на 69 годишниот Платнер на 7,5 милијарди долари односно (5,4 милијарди евра). На второ и трето место на легендарната листа на „Форбс“ веќе со години се Бафет и Гејтс. Двајцата пред речиси три години ја основаа иницијативата и оттогаш наговорија повеќе од 100 претприемачи, да донираат најмалку половина од својот имот. Речиси сите претприемачи се од САД.