1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Основачот на Мегааплоуд е ослободен со кауција

По речиси еден месец откако беше уапсен, основачот на интернет платформата „Мегааплоуд“ Ким Шмиц е ослободен од страна на новозеландското правосудство со кауција. Судијата вели - нема опасност од бегство!

default

Германецот Ким Шмиц

Судијата Невин Досон од Оукленд е на мислење дека не постои опасност од бегство на Шмиц, со оглед на тоа што е запленето целото негово богатство. 38-годишниот Шмиц не смее да влегува во интернет и мора да престојува во неговиот објект во Оукленд, освен ако се работи за медицински итен случај.

Американските власти бараат испорака на Шмиц поради измама и повреда на законот за заштита на авторски права.

Megaupload / Logo / Datenspeicher-Plattform / Internet

Логото на Мегааплоуд

Тој и тројца негови соработници се обвинети дека платформата, која во меѓувреме е затворена, ја направиле едно од најголемите места за илегални копии на филмови и музика. На тој начин, како што се вели, направена е штета од 500 милиони долари. Адвокатот на Шмиц, Пол Дејвисон, изјави дека неговиот клиент е решен да се бори против американските обвинувања, затоа што тие немале „супстанцијална основа“. Шмиц по ослободувањето изјави дека чувствува олеснување што ќе го види семејството - трите деца и сопругата. Инаку, пред Шмиц со кауција беа ослободени и другите три уапсени лица во аферата.

Автор: ЕМФ/дв/афп

Редактор: А. Трајковска