1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Основачот на Икеа-најбогат човек на светот

Ингвар Кампрад,основачот на Икеа,која произведува мебел и опрема за станови,го претекна милијардерот од Мајкрософт Бил Гејтс и стана најбогатиот човек на светот со лично богатство проценето на 58 милијарди долари.

default

Својот единствен луксуз,малото лозје во Прованса,Ингвар Кампрад го опишува како многу скап хоби.Вози волво старо 11 години,сурфа по интернет барајќи поефтини авио билети и секогаш патува со економска класа.Мудро ако станува збор за човек со просечни примања.Но чудно за најбогатиот човек на планетата,според наодите на финансиските стручњаци во неговата родна Шведска.

Голем успех за претприемачот кој воведе полици на склопување во повеќе од успешниот сектор на мебелот и се збогати борејќи се истовремено со алкохолизмот и лошиот публицитет поради дружење во младоста со нацистички ориентираната партија.

Во Икеа меѓутоа ја спорат сумата на неговото богатство.Фирмата е поделена денеска на филијали со кои управува добротворна фондација со седиште во Холандија.

Тоа според нив значи дека личното богатство на Кампрад нема врски со Икеа,зашто е погрешна проценка на вредноста на компанијата како негова сопственост.Меѓутоа тие не нудат алтернативна проценка и не сакат да кажат кај оди профитот од годишните продажби.Вредноста на продажбата на Икеа на пример за лани била 12,2 милијарди долари.Магнатот веќе не учествува во секојдневното водење на фирмата,но сеуште е вистински сопственик на компанијата.

Но како и дае,нему му се признава генијалност за бизнис.Започнал веќе со 20 години,а сега Икеа има 174 магацини во 36 земји во светот.

Претприемачот,чиј прв Икеа слоган беше Не е за богати туку за паметни,сега живее во Лозана и не само што своите недвижнини ги ограничи на лозјето во Франција,туку и на пазар оди попладне,кога трговците ги спуштаат цените на овошјето и зеленчукот.Да почнев да собирам луксузни работи ќе ги поттикнев другите да ме следат.Важно е водачот да служи за пример,изјави Кампрад во едно од ретките интервјуа.

Колкаво и да е,неговото богатство не им пречи на Швеѓани,зашто тој ги разнесува боите на Шведска низ светот.