1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Осми пат во прилог на позелена и поубава Македонија

Под мотото „ Садиме денес- пишуваме и праќаме писмо на мирот‘‘ на 400 локации во Македонија во рамки на осмата акција за пошумување „ Ден на дрвото- засади ја својата иднина‘‘ ќе бидат засадени 5,7 милиони садници.

default

Акцијата „ Ден на дрвото- засади ја својата иднина“, успешно се спроведува во Велес

Акцијата која финансиски ја подржува македонската влада преку министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство е во прилог на позелена Македонија и поздрава и поубава животна средина.Во неа и овојпат освен ученици,претставници на невладини организации вработени во јавни претпријатија и сите заинтересирани граѓани ќе се вклучат и познати ѕвезди од естрадата. Воедно и голем број јавни личности од општествениот живот на Македонија, во изминатите денови во прилог на акцијата веќе засадија дрвца на повеќе локации во Македонија, а некои најавија дека дрвца ќе засадат и денеска.

Кои се најголемите непријатели на младите садници

Tag des Baumes in Mazedonien

5,7 милиони садници треба да бидат засадени во рамките на осмиот „Ден на дрвото“

Во Македонија шумите се распострануваат на површина од 935 илјади хектари,од кои со 817 илјади или 90% стопанисува Јавното претпријатие „Македонски шуми‘‘,останатите 10 % или 89 илјади под шума се во приватна сопственост.Шумите најмногу ги има во западна ,а помалку во централна и источна Македонија , и со оваа акција тоа планираме да го надополниме, велат од ЈП Македонски шуми.

Во изминатите седум акции биле засадени 38 милиони стебла или со новите 5 милиони и 700 илјади вкупно ќе бидат засадени 44 милиони садници. Најголем дел од садниците и тоа 75 % засадени во есенските акции успеале,помал број зафатени садници се оние кои биле засадени во пролетниот дел од акцијата, велат шумарските стручњаци.Со оваа акција во многу се промени свеста на граѓаните,а има и такви кои самоиницијативно се грижат за младите садници, потенцира за Дојче веле, Јован Чаковски директор во ЈП Македонски шуми. Но има и повеќе фактори,а пред се’ човекот кои негативно влијаат по шумите, потенцира Чаковски. „Има и одредена појава на испаша значи од несовесни граѓани- сточари, а најголем непријател се пожарите и дивосечачите или крадците на шумите, бидејќи при кражбите тие не водат сметка ни колку ни каде се сече и така што прават и други проблеми ‘‘.

Со акцијата Ден на дрвото‘‘ се создаваат здрави идни генерации

Велес е еден од најзагадените македонски градови и од оние со најмногу голи ридови без шума,но поради неповолните климатски услови посебно во пролетните акции, како и поради несовесните граѓани, најголем дел од засадените садници од изминатите акции „ Ден на дрвото‘‘ засадени во непосредна близина на градот, не се зафатија, констатира со жалење, Билјана Шуркова Манаскова кординатор на акцијата за Општина Велес и потенцира. „За жал непосредната околина на Велес сеуште ни е гола, заради тоа што од различни причини најчесто од човечки фактор и присуство на животни, садниците ни се уништуваат. И затоа ние полека почнавме да се откажуваме од пошумувањето на ридовите околу Велес и да одиме во рекреативните центри, регионалните и локални патни правци, па таму да го дадеме својот придонес. Можам дека кажам дека ридот Вршник како локалитет е добро пошумен, зафатеноста на садниците е добра. Меѓутоа не можеме да се пофалиме и со другите околни ридови на Велес‘‘.

Flash-Galerie Internationaler Tag des Waldes

Акцијата ја подржува со личен пример и самата со своето семејство засади дрвце во Градскиот парк во Велес, Маја Иванова, сопруга на претседателот на Македонија, Ѓорѓи Иванов. „ Затоа што преку оваа акција создаваме здрави млади генерации, значи здрави потомци и здрави идни генерации‘‘, потенцира Иванова.

Акцијата Ден на дрвото‘‘ препознатлив симбол на Македонија и регионот

Според македонскиот претседател Ѓорѓи Иванов, акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина‘‘ веќе е препознатлив симбол на Македонија и регионот. „ Веќе слушаме дека и во регионот постојат слични иницијативи, затоа што и на глобално ниво, што го имавме Форумот во Копенхаген за елементарните непогоди, за катастрофите, за сето она што се случува на планетарно ниво, беше посочено дека е потребно да се почне да се делува од локално ниво, секој колку што може да придонесе за зачувување на животната средина. Така што Македонија е препознатлива по оваа акција „ Ден на дрвото‘‘ и се радуваме и што таа веќе и се шири и во регионот‘‘, потенцира македонскиот претседател Иванов.

Автор: Антоанела Димитриевска

Редактор: Симе Недевски