1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Ослободување од долговите

Министрите за финансии на седумте најбогати земји во светот решија да ги ослободат од сите долгови најсиромашните, главно африкански земји. Вкупниот износ достига 40 милијради долари, објави британскиот министер Гордон Браун:

„Денеска усвоивме план што ќе оди кај Меѓународниот монетарен фонд и во Светската банка. Со договорот на најсиромашните змеји веднаш им се отпишуваат долговите од вкупно 40 милијарди долари„.

Неговиот германски колега Ханс Ајхел одлуката ја оцени како историска:

„Ова вистина е историско решение. Признавам дека не очекував да биде донесено толку бргу„.

Дали ослободувањето од долговите е доволно?

Сето ова е само капка вода на жежок камен, ако се потсетиме на големите цели што си ги поставија Обединетите нации во јубилејната 2000-дита година. Тогаш беше договорено преполовување на сиромаштијата. До 2015 година светската организација треба да ги унапреди можностите за образование и развој на најсиромашните и покрај постојаниот пораст на населението. Самото простување на долговите не е се во битката против сиромаштијата. Усвоениот Маршалов план за Африка треба да придонесе за пораст на брутонационалниот производ на земјите во развој. Токму тука се наоѓа клучот за намалување на сиромаштијата: долгорочен развој може да се случи само ако на најсиромашните им се обезбеди пристап до големите пазари. Ова го знаат и министрите за финансии на земјите од Г-8: битката против сиромаштијата е и безбедносна политика, а со тоа не само политика за сиромашните, туку и важна политичка цел за земјите донатори.