1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Ослободување на германската заложничка во Авганистан

Во синоќешната операција на авганистанските сили за безбедност во предградие на Кабул уапсени се четворица грабнувачи, меѓу кои и организаторот на киднапирањето.

default

Повторно на слобода: Кристина Мајер, соработничка на хуманитарната организација „Ора„

“Мојата благодарност е насочена кон кризниот штаб на германската амбасада во Кабул. Посебно сакам да им се заблагодарам меѓутоа на авганистанската влада и органите за безбедност, со кои соработувавме тесно и доверливо, што беше крунисано со успех“ - Ова го порача синоќа шефот на германската дипломатија Франк Влатер Штајнмајер, по пристигнувањето на веста.

Главниот иследник на полицијата во главниот град Кабул, Алишах Пактиавал, синоќа изјави дека 31-годишната Германка Кристина М. е на слобода, но дека операцијата на авганистанските сили за безбедност продолжува. Тие трагаат по натамошни соработници на криминалната банда, која фактички барала пари.

О-тон

“Кристина е во наши раце, и‘ порачуваме на владата на претседателот Карзаи да ги пупти на слобода нашите невини затвореници. Нивните имиња накнадно ќе ги соопштиме. Немаме други барања и не им припаѓаме на Талибанците“ - изјави во видео порака еден од грабнувачите на Кристина.

Наспроти ваквото формално барање за ослободување на наводно недолжни затвореници, според извори на авганистанската полиција биле побарани еден милион долари откупнина.

Кристина М. била грабната во саботата на пладне во Кабул додека ручала со сопругот во ресторан за брза храна во западниот дел на главниот град. Две маскирани и вооружени лица на брзина влегле во ресторанот и ја однеле во непознат правец. Брзата акција на полицијата и гонењето на киднаперите не донесеа веднаш плод, но затоа тајните служби на Авганистан брзо им влегле во трагата на грабнувачите. Потоа бил блокиран целиот западен дел на Кабул и почнала акцијата на прочешлување на сомнителните куќи. Нападот се случи кусо по полноќ, при што специјалците на сила влегле од задната страна на куќата во која се наоѓала заложничката. Нејзе ја чувало само едно лице, кое успеало да избега. Во рамките на операцијата меѓутоа биле уапсени главниот организатор и уште тројца соучесници во грабнувањето.

На авганистанските сили за безбедност им појде исто така од рака да го пронајдат организаторот на убиството на двајцата новинари на Дојче Веле. Тие беа застрелани на северот на Авганистан, додека ја минувале ноќта под шатор. Организаторот на убиството бил уапсен минатата недела во покраината Баглан, каде и се случи злосторот минатиот октомври.