1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Ослободувачка пресуда за менаџерите на Манесман

Најспектакуларниот судски процес за стопански криминал во досегашната германска историја заврши со ослободувачка пресуда

Акерман и Есер

Акерман и Есер

Судиите на Покраинскиот суд во Дизелдорф ги ослободија од обвинението шестемина главни актери во процесот за проневера во концернот за мобилна телефонија Манесман, кое ги товареше дека добиле огромни премии при преземањето од страна на британскиот мобилен оператор Водафон. Обвинението не го товареше само шефот на концернот Клаус Есер и неговите најблиски соработници, туку на обвинелната клупа се најдоа и шефот на Дојче Банк, Јозеф Акерман и претседателот на најсилната синдикална организација Клаус Цвикел, кои седеле во Управниот одбор на Манесман и ги одобриле зделките.

По пресудата шефот на Дојче банк, Акерман изјави:

“Секако дека ослободувачката пресуда е ослободувачка пресуда и среќен сум поради тоа. Сега можеме повторно да се концентрираме врз Банката. А што се однесува до интерпретацијата на акционерското право, тоа многу важно прашање што треба пошироко да се продискутира.“

Портпаролот на Јавното обвинтелство Симоне Кемпфер најави можна ревизија пред Врховниот суд:

“Исплатите беа неодзволиви од гледна точка на правото за акционери и секако не беа во интерес на претпријатието. Бидејќи Судот ги солободи обвинетите, во текот на наредната недела ќе ги провериме основите за ревизија!“

Премиите во висина од 57 милиони евра сепак не беа во ред, смета Карл Завацки во наредниот коментар.

Само шефот на концернот Манесман, Клаус Есер, значи главно погодениот од непријателското превземање од страна на британската фирма Водафон, добил 30 милиони евра премија. За што? За тоа што како шеф на фирмата си ги извршувал дневните задачи за ионака милионска плата? Премиите за Есер и неговите најблиски соработници меѓутоа биле одобрени и од Управниот одбор во кој седел шефот на Дојче Банк, Акерман и шефот на синдикалната организација ИГ Метал, Цвикел. Сите тие повторно се сретнаа по четири години на обвинителната клупа. Доколку денешната пресуда не беше ослободувачка, ним им се закануваат затоврски казни до три години, а Акерман ќе ја загубеше и функцијата шеф на најголемата германска банка.

Но, Судот не е морална инстанца, туку правна и требаше само да провери дали обвинението е издржано или не.Одлуката повеќе од јасна: ваквите премии навистина не се во интерес на претпријатието. Тие се исто така потполно несоодвети, што значи дека има веројатно и прекршок во однос на правото за акциите, но криминалниот чин на тешка проневера не може да се докаже.

Случајот може да се гледа и од друг аспект. Шефот на Манесман и другите менаџери успеаја преку повеќемесечниот отпор против преземањето од страна на Водафон да ја зголемат вредноста на претпријатието за 70 милијарди. Штосе 57 милиони евра во однос на 70 милијарди, кои им одеа во прилог и на акционерите. Главниот акционер, шефот на фирмата, наводно сакал да ги награди акционерите за преземањето на претпријатието. Овој процес го привлече вниманието на јавноста не само поради неверојатните износи од кои се врти во глава, туку и затоа што се вклопи одлично во дебатата за платите на менаџерите воопшто. Живееме во време на неограничена лакомост, во кое топ менаџерите ионака примаат огромни плати, но очигледно тоа не ја смирува нивната алчност. Есер и другите се навистина ослободени од затворски казни, но во јавноста ќе им остане етикетата на грабливци.

На Германија и е итно неопходен прочистувачки ураган, бидејќи стопанството не може да почива само врз монетика, туку мора да содржи и етика. Тоа очигледно било заборавено во омаменоста од милиони и милиони евра во ерата на новата економија и пренадуените акции на новиот пазар. Останува да се надеваме дека процесот против менаџерите на Манесман ќе остави некаква трага во свеста на другите менаџери, кои ќе успеат да се исконтролираат во слични ситуации. А што се однесува до прашањето дали процесот и наштетил на Германија како стопански фактор во светот, одговорот е не! Правната сигурност е високо котирана вредност и во стопанскиот живот. Оној кој инвестира во германски претпријатија може да биде сигурен во неговите права загарантирани со закон!