1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Ослободителна пресуда за Раштански лозја

Акцијата на полицијата во Кондово според премиерот Владо Бучковски била регуларна

Владо Бучковски

Владо Бучковски

Во Кондово е мирно и покрај масовноста на погребот на вчера убиениот Енвер Џафери, осомничен за тероризам. „Полицијата во Кондово изведе стандардна акција и постапувала регуларно „ изјави премиерот Владо Бучковски, како одговор на сомневањата на лидерот на ДПА Арбен Џафери, дека во Македонија настапува нова безбедносна криза, чија иницијална каписла може да бидат случувањата во Кондово.

МВР е под сомневање за два други случаи со меѓународни импликации. Првиот е за случајот со германскиот државјанин од либанско потекло Калед ел Масри. Советот на Европа не го прифати извештајот на македонските власти за неговото апсење и наводното постоење на тајни затвори на ЦИА во земјата. Евроамбасадорот Ерван Фуере најави дека тим истражители на Собветот на Евриопа наскоро ќе допатува во Македонија за одблиску да се запознае со ставовите на властите по ова прашање. Премиерот Владо Бучковски во врска со случајот изјави:

„ Не ни верува, туку ни бара дополнителни информации. Ние сме подготвени да бидеме кооперативни и да бидат аддени сите дополнителни информации. Добро е целата оваа приказна да се затвори на начин на кој нема да останат сомнежи за каква било инволвираност на Македонија во постоењето на тајни затвори„

Вториот голем судки спор околу случајот Раштански лозја, кој трае повеќе од три години завршува со ослободителна пресуда за четворицата осомничени, поранешни припадници на МВР. Одлуката за нивната невиност ја потврди и второстепениот суд во Скопје. Четворицата припадници на поранешната единица „Лавови„ и специјалните служби беа осомничени за ликвидирање на седум шест пакистанци и еден индиец. Постапката беше покрената во времето кога на минситерската а подоцна и на функцијата премиер се наоѓаше Хари Костов. Денеска негова одговорност побара и партискиот врв на ВМРО Народна, кој за цело време на постапката стоеше зад невиноста на четворицата припадници на МВР во случајот Раштански лозја:

„ Бараме од државата јавно да им се извини на четворицата бранители затоа што во суштина тие ја бранеа земјата и сопствениот народ и да им исплати оштета за тортурата низ која поминаа. Бараме, премиерот и претседателот на државата, сега откако се расчисти случајот со раштански лозја, да интервенираат во Хаг, да дадат гаранции и да бараат Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски да се бранат од слобода„ изјави Весна Јаневска шеф на партијата ВМРО Народна.

По ослободителната пресуда за четирите полицајци за случајот раштански лозја, вината најверојатно ќе биде симната и за осомничениот поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошковски, за кого судскиот спор за овој случај се водеше во Хрватска. По ваквиот развој на настаните и гаранциите од владата не е исклучено Бошковски и Тарчуловски, да се бранат од слобода по обвинението од трибуналот за случајот Љуботен.