1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ослободителна пресуда за Либерман

Поранешниот министер за надворешни работи на Израел Авигдор Либерман е растоварен од обвинувањата за корупција. По ослободителната пресуда ултрадесничарскиот сојузник на премиерот Нетанјаху може да се врати во владата.

Поранешниот израелски министер за надворешни работи Авигдор Либерман е растоварен од обвинувањата за измама и кршење на довербата, одлучи судот во Ерусалим. Со ова падна тужбата против Либерман. Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху му честиташе на неговиот поранешен министер за надворешни работи: „Се радувам на твоето враќање во израелската влада“. Нетанјаху, од почетокот на корупцискиот скандал во февруари годинава лично раководеше и со Министерството за надворешни работи.

Нема злоупотреба на функцијата

Либерман поднесе оставка во декември, кога беше подгината тужба против него. Нему му се префрлуваше дека израелскиот амбасадор во Белорусија го унапредил во дипломатски советник, и подоцна го назначил за амбасадор во Летонија. Либерман за возврат добил доверливи истражни документи. Со оглед на тоа што обвинувањата не се потврдија, Либерман би можел да се врати на функцијата во Министерството за надворешни работи.

Ослободителната пресуда за 55 годишниот Либерман би можела да значи поттик за неговата десноориентирана партија. Таа на изборите во јануари претрпе големи загуби. Либерман се смета за екстремен тврдокорен политичар, кој постојано поларизира со радикални изјави против ставот на Палестинците во мировниот процес или со расистички тиради.