1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Ослободителна пресуда за екс-претседателот Вулф

Поранешниот германски претседател Кристијан Вулф доби ослободителна пресуда во процесот за корупција. Две години по оставката со ова тој се растоварува од обвинувањето за стекнување противправна корист.

Покраинскиот суд во Хановер смета дека не е докажано дека Кристијан Вулф во периодот кога беше покраински премиер на Долна Саксонија прифатил нелегална наклонетост на филмскиот претприемач Давид Гроневолд. Вулф исто така има право да бара финансиско обештетување поради претресот во неговиот дом.

Против поранешниот германски претседател Кристијан Вулф во Хановер се водеше процес поради сомневање за стекнување противправна корист. Според гледиштето на државното обвинителство, во 2008. година тогашниот премиер на Долна Саксонија, Вулф, дозволил да му биде платен дел од трошоците за престојот на Октоберфест во Минхен од страна на кообвинетитот Давид Гроневолд. Конкретно станува збор за околу 720 евра за хотел, јадење и бебиситер.

Како противуслуга Вулф, гласеше тужбата, се заложил кај раководството на концернот „Сименс“ да поддржи филм на Гроневолд. Двајцата ги отфрлија обвинувањата за корупција. Тие аргументираа дека Гроневолд, без знаење на Вулф платил дел од трошоците. Освен тоа тие укажаа на нивните долгогодишни пријателски односи.

Обвинувањата се јасно негирани?

Одбраната на екс-претседателот очекуваше ослободителна пресуда. Државнотото обвинителство во своето пледоаје меѓутоа се заложи да продолжи постапката за изнесување докази. Од агол на државното обвинителство обвинувањата против Вулф не се јасно негирани. Обвинителството би можело да поднесе барање за ревизија до Врховниот суд на Германија.

Кристијан Вулф на 17. февруари 2012. година поднесе оставка на функцијата претседател на Германија откако државното обвинителство од Хановер поднесе барање за укинување на неговиот имунитет. Во историјата на Германија досега немало ваква постапка против претседател на државата.