1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ослободителна пресуда во случајот што расно ги подели САД

Членот на самоорганизирана граѓанска стража, кој во февруари 2012 година на Флорида уби тинајџер со темна боја на кожата, е ослободен во процесот кој предизвика голем публицитет во САД, бидејќи стрелал во самоодбрана.

По повеќе часовни советувања поротата дојде до заклучок дека т.н. цивилен стражар Џорџ Зимерман не бил виновен за убиството на 17-годишното момче Трејвон Мартин. Судијката Дебора Нелсон ја потврди одлуката на шестчлената порота. На Зимерман таа му кажа дека може да ја напушти судницата како слободен човек.

29-годишниот обвинет кратко се насмевна, додека претходно не покажуваше емоции. Неговото семејство се радуваше. Семејството на убиниот Трејвор Мартин (на насловната фотографија) не беше во салата.

Шесте жени во поротата, меѓу нив пет со бела боја на кожата, мораа едногласно да одлучат за вината на Зимерман. Тие започнаа со дебата во петокот, но одлуката ја одложија за в сабота.

George Zimmerman im Prozess um Tod von Trayvon Martin freigesprochen

Зимерман е ослободен од обвинението

Доколку беше прогласен за виновен на Зимерман му се закануваше доживотна казна затвор. Тој инаку досега беше на слобода со кауција од еден милион долари.

Зимерман, вечерта на 26. февруари 2012 патролирајќи во Сенфорд смртно го застрела Трејвон Мартин. Кога Зимерман го забележал Мартин како во вечерно време се движи меѓу куќите во населбата во која живеел, се сомневал дека се работи за еден од големиот број крадци кои честопати напаѓале куќи во оваа населба. Но, невооруженото момече било на пат кон дома. Зимерман тврдеше дела Мартин прво го нападнал.

Сомнеж за расизам

Случајот предизвика голем публицитет во САД, бидејќи постоеше сомнеж дека тој и односот на полицијата кон него имал расистичка позадина. Имено, тоа што Зимерман потекнува од бел татко и хиспаноамериканска мајка, додека Мартин е Афроамериканец му даде расна конотација на целиот случај, особено откако обвинителот од Сенфорд наредил Зимерман да биде ослободен без да покрене обвинение против него, сметајќи дека се работи за случај на убиство во самоодбрана.

Поради загриженост од можни насилни судири, повеќе организации повикаа на смиреност уште пред да биде објавена пресудата.