1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ослободен киднапираниот германски новинар во Авганистан

Заложништвото траеше релативно кратко: изутрината дојдe вестa за грабнувањеto, рано попладнето беше јавено зa ослободувањето. Германското министерство за надворешни работи предупредува да не се патува во Авганистан.

default

Авганистан - опасно место за странците

Гувернерот на провинцијата Кунар соопшти дека новинарот и двајца негови авганистански придружници биле ослободении. Според Дедар Шалезај, Германецот бил во добра здравствена состојба, а за ослободувањето не била платена откупнина. Гувернерот пред тоа ја потврди веста за најновото грабнување – новинарот и придружниците ноќеска биле одведени од вооружени лица од една куќа во селото Сангар, во регионот Ватапур. Тоа му го соопштила петчлена делегација што Шалезар ја упатил во селото.

Гувернерот критикуваше дека новинарот се упатил во област која била арена на тешки борби со десетици цивилни жртви и која не била под контрола на владините сили. Според наводи на жителите, во Ватапур пред три недели од напади од воздух загинале 30 цивили. Ова веројатно била цел на истражувањата на журналистот.

Засега се’ уште не е сигурно за кој новинар станува збор. Во некои агенциски информации се спомнува Кристоф Ројтер од магазинот “Штерн”. Германската амбасада во Кабул се обидува брзо да ја расветли фактичката состојба, рече во Берлин портпаролот на Министерството за надворешни работи Мартин Јегер. Од магазинот “Штерн” е речено дека се обидуваат да стапат во контакт со Кристоф Ројтер, но дека досега тоа не им успеало. Ројтер штотуку земал одмор и одлетал за Авганистан, земја што добро ја познава и од која повеќепати известувал.

Инаку, нема нови информации во врска со судбината на грабнатиот германски градежен инженер, грабнат минатата недела заедно со уште еден колега, кој почина во заложништво, а сега ќе се испитува причината за смртта. Потврдено е само дека вториот заложник е жив, физички заслабнат, но не и на крај на силите. Во заложништво кај локални паштунски борци кои не се подредени на талибанскотоо раководство, со него во планинскиот предел на провинцијата Гази се и уште најмалку 4-ца авганистански колеги. Во тек се преговори за нивно солободување, иако бавно напредуваат. Се проценува дека мотивите за грабнувањето не се политички, туку криминални.

Од 23-цата киднапирани Јужнокорејци, според агенцијата Ројтерс, еден е убиен, а осуммина се ослободени. Агенцијата ДПА известува дека за нив им била платена откупнина на грабнувачите.

Германското министерство за надворешни работи изрично предупреди да не се патува во Авганистан со оглед на загрозувањето од терористички или криминално мотивирани насилнички акти.

Кристоф Хајнцле / Зоран Јордановски