1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ослободени три жени, исчезнати пред години

Како девојчиња исчезнаа, ослободени се како жени: во една куќа во Кливленд полицијата ги пронајде Џина ДеЏизиз и Мишел Хајт. Претходно Аманда Бери успеала да побегне.

Три жени кои биле киднапирани пред десетина години и од тогаш им се губи секоја трага, се пронајдени живи во една куќа во градот Кливленд во американската сојузна држава Охајо. Во врска со киднапирањето на трите жени полицијата уапсила една 52-годишен маж кој работел како возач на автобус.

Жените биле пронајдени кога еден човек, кој живеел во соседството, слушнал врискотници и упаднал во куќата каде ја пронашол Аманда Бери, која исчезнала во времето кога била тинјеџерка. Тој и‘ го дал неговиот мобилен телефон и таа се јавила во полицијата.

„Помогнете ми. Јас сум Аманда Бери. Бев киднапирана пред 10 години и сега сум тука. Слободна сум“, им објаснила возбудената жена на операторити на службата за итни повици 911.

Таа рекла дека нејзиниот киднапер илзегол од куќата и ја молела полицијата да дојде што побрзо, пред тој да се врати.

Чарлс Ремзи, соседот кој ја пронашол Аманда, во изјава за телевизијата Си-Ен-Ен рече дека кога влегол во куќата ја затекнал жената како се обидува да ја отвори вратата.

„Таа излезе од куќата со мало девојче“, додаде Ремзи.

USA Entführung in Cleveland Amanda Marie Berry und Georgina Lynn Dejesus

Аманда Бери и Џина ДеЏизис како тинејџерки во 2003, односно 2004 година

Во врска со киднапирањето се уапсени тројца мажи на возраст од 50 до 54 години. Медиумите тврдат дека тие биле браќа, но полицијата не ги потврди информациите. Куќата во која биле трите жени е на 52-годишниот возач на училишен автобус Ариел Кастро. Според полицијата, најмалку една од трите жени има дете.

„Имаме многу прашања кои се без одговор. Среќен сум што трите млади жени беа пронајдени живи“, изјави градоначалниот на Кливленд, Френк Џексон, додавајќи дека истрагата за целиот случај е во тек.

Аманада Бери исчезнала на 21 април 2003 година. Втората жена, Џина ДеЏизис била киднапирана една година подоцна, а третата, Мишел Најт уште во 2000 година. Во времето на киднапирањето Бери имала 16 години, ДеЏизис 14, а Најт 20. Трите жени веднаш се пренесени во болбица, каде лакарите констаирале дека се во добра здравствена состојба.