1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ослободени или не? официјална потврда нема

Киднапираните европски туристи во Египет не се ослободени. Берлин и Каиро во текот на ноќта не ги потврдија вестите за ослободување на групата туристи. Според достапните информации, грабнувачите се криминалци.

default

Грабнување во пустина

Пет Германци, пет Италијанци, Романец и нивните осум египетски придружници биле киднапирани во петокот за време на пустинско сафари во египетско-суданскиот пограничен регион.

Информации за ослободување на туристите и демант

Службеник на провинциската управа во јужно египетскиот град Асуан во текот на ноќта кажа дека единаесете европски туристи и осумте египетски водичи најдоцна до утрово треба да се очекуваат во градот Абу Зимбел. Подоцна египетскиот министер за надворешни работи Ахмед Абул Реит, кој од понеделникот престојува во Њујорк, рече дека сите грабнати се ослободени и се во добра состојба. Оваа информација кратко потоа беше демантирана од портпаролот на министерот, Хосам Зеки, кој истакна дека неговиот министер е погрешно цитиран. Сеуште нема официјална потврда за ослободување на единаесете туристи и египетските водичи. Сите информации за нивно ослободување се непотврдени и непрецизни, нагласи Зеки.

И министерството за надворешни работи во Берлин не ги потврди вестите за ослободување на киднапираните. Ги проверуваме информациите и натаму пружаме напори да најдеме брзо решение рече утрово порпарол на министерството.

Грабнување со криминална позадина

Учесниците на сафарито во пустина биле нападнати и киднапирани од криминалци во петокот, во текот на нивната повеќедневна тура во регионот Гилф ел Кебир. Претставници на властите во Асуан појаснија, дека учесниците на сафарито од Европа и нивните египетски придружници по грешка ја минале границата со Судан. Таму биле нападнати од вооружени приврзаници на едно племе и биле ограбени. Според други информации побаран е откуп во висина од шест милиони египетски фунти односно речиси 800 илјади евра и 15 милиони долари.

Во повеќето делови на Горен Египет туристите смета да престојуваат само во придружба на полицијата и да патуваат со автомобили или автобус. Овие безбедносни мерки важат по нападите на исламски терористи во 90тите години во Египет. За пустиските сафари тури во зафрлените предели честопати е неопходна и специјална дозвола.