1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ослободени двајца германски заложници

Армијата на Саудиска Арабија денеска ослободи две германски деца кои беа киднапирани во Јемен, минатата година. Се‘ уште нема информации за судбината на нивните родители и братот, кои беа киднапирани истиот ден.

default

Децата се ослободени во граничниот појас меѓу Саудиска Арабија и Јемен

Војниците на Саудиска Арабија ги ослободиле девојчињата на возраст од четири и шест години, во пограничното подрачје со Јемен, соопшти портпарол на министерството за внатрешни работи во Ријад.

Шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле, пак, во Берлин изјави дека двете девојчиња се на сигурно и дека со оглед на условите, се чувствуваат добро. Тие би требало да бидат вратени во Германија во текот на утрешниот ден. Министерството за надворешни работи во Берлин, како што рече Вестервеле, останува и натаму посветено на задачата да се разјасни судбината на останатите заложници. Властите се надеваат дека и во врска со судбината на родителите и братот на девојчињата ќе има позитивни вести. „Загриженоста околу судбината на останатите заложници останува непроменета и ќе сториме се‘ за ситуацијата да се разјасни што побргу“, рече Вестервеле.

Karte Jemen Flash-Galerie

Нема потврда за смртта на братот

Портпарол на министерството за надворешни работи не сакаше да ја потврди информацијата на весникот „Билд“ дека братчето на денеска ослободените девојчиња е мртво. Роднина на семејството, за агенцијата ЕПД, во меѓувреме, исто така изрази стравување дека братчето на девојчињата веројатно не го преживеало заложништвото, кое почна кога тоа имаше само една година.

Петчленото семејство од германската покраина Саксонија беше киднапирано минатиот јуни, во Саада, пограничниот регион на северот на Јемен. Германските државјани и уште еден британски државјанин биле дел од група која првично броела девет члена. Тројца од групата, меѓу кои двајца Германци, беа пронајдени мртви непосредно по грабнувањето. Досега, одговорност за киднапирањето нема преземено ниту една група или организација. Бунтовниците кои се борат против јеменската влада во пограничниот регион отфрлаат вмешаност во случајот. Во јануари оваа година, меѓутоа, германската влада соопшти дека преговара со бунтовниците за ослободување на заложниците. „Шпигел онлајн“ јави дека киднаперите барале откуп од два милиони долари за заложниците, а тие самите да останат на слобода.

Автор: ЕМФ/ ГЧ/ дпа/ епд/ ртре

Редактор: Александра Трајковска