1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Ослободени германските заложници во Ирак

Двајцата Германци-заложници во Ирак се ослободени,соопшти германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер вчера во Сантиаго де Чиле.32 годишниот Бројнлих и 28 годишниот Ничке од Лајпциг и околината веројатно вечер ќе стигнат во Германија.

Ослободените заложници Томас Ничке и Рене Бројнлих

Ослободените заложници Томас Ничке и Рене Бројнлих

Двајцата Германци беа киднапирани на 24 јануари во северноирачкиот град Беиџи,а работеа за фирмата Криотек од Беневиц во техничкото опремување на една ирачка рафинерија.

Министерот за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер делуваше многу олеснето откако по разговорите со неговиот чилеански колега по функција пред печатот излезе сам и на изненадување на сите соопшти:

-Сакам да соопштам,а притоа не можам да кажам колку многу се радувам,дека двајцата заложници од Лајпциг кои во Ирак поминаа повеќе од 13 недели,Томас Ничке и Рене Бројнлих од пред неколлу минути се повторно на слобода.

По 13 недели заложништво двајцата инженери најпосле се најдоа во германската амбасада во Багдад,изјави Штајнмаер,нему му падна товар од грбот.Тој штотуку телефонирал со нив:

-Според првите информации кои ги имам,нивната состојба е соодветно добра и се разбира за нив во амбасадата сега е подготвена лекарска помош.

Штајнмаер им заблагодари на сите кои соработуваа при ослободувањето,пред се на Кризниот штаб во Министерството за надворешни работи,сојузната служба за разузнување и германската амбасада во Багдад и на европските и американските партнери во регионот:

-Особено сакам да им заблагодарам на семејствата кои во овие недели ја задржаа храброста,вербата дека ќе се најде решение.Им благодарам и на сите кои во последните 13 недели во Лајпциг и во регионот го искажаа своето сочувство на улиците.

Германскиот министер за надворешни работи во Сантиаго не кажа поединости за ослободувањето,задржувајќи се на радоста од добрата вест која ја прими во текот на својата прва посета на Јужна Америка.