1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Ослободените заложници Бројнлих и Ничке се вратија во Германија

Специјалниот авион, кој ги донесе од Багдад точно на 100-от ден по грабнувањето во Ирак, слета на воениот дел на аеродромот Берлин -Тегел

Бројнлих и Ничке по пристигнувањето во Берлин

Бројнлих и Ничке по пристигнувањето во Берлин

„Радосен сум што сум повторно дома. Едноставно ми недостасуваат зборови. Поминавме тешко време“ – изјави Рене Бројнлих веднаш по пристигнувањето во Берлин, упатувајќи зборови на благодарност за ослободувањето. Тоа го стори и неговиот сострадалник Томас Ничке: „Им благодариме на сите што учествуваа во нашето ослободување. Посебна благодарност им упатуваме на Министерството за надворешни работи и на Кризниот штаб. Многу сме радосни што сме уште живи, што за нас не беше самопосебе разбирливо. Сега би сакале повторно да си ги видиме нашите семејства, за да се увериме дека и тие се добро“.

Веста за нивното ослободување ја соопшти вчера во Сантјаго де Чиле министерот за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер, кој се наоѓа на турнеја по Јужна Америка.

Бројнлих и Ничке беа грабнати од непознати вооружени лица на 24-ти јануари северно од Багдад. Оттогаш за нивно ослободување се ангажираше Кризен штаб при германското Министерство за надворешни работи. Работите одеа тешко, оти со недели не можеше да биде воспоставена употреблива врска во опкружувањето на грабнувачите. Голема е веројатноста дека грабнувањето е од криминални мотиви, но досега нема никави информации дали е платена откупнина за ослободувањето.