1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Ослободена втора група од јужнокорејските заложници во Авганистан

*

Талибанците ослободија и втора група од петтмина јужнокорејски заложници во Авганистан. Само неколку часа претходно беа ослободени три жени, така што сега во заложништво останаа уште 11 лица. За да се ослободат сите, Јужна Кореја се согласи да ги повлече нејзините 200 војници од Авганистан, како што беше планирано, до крајот на годината и да запре секаков вид мисионерска работа во Авганистан. Групата од 23-ца Јужнокорејци беше киднапирана пред повеќе од еден месец. Двајца од нив беа убиени, а во меѓувреме беа ослободени и две тешко болни жени.