1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Ослабена внатрешно-политичка позиција за преговори

Внатрешните кризни состојби без дијалог власт-опозиција ги влошуваат преговарачките процеси околу името, иако експертите од средбата со Нимиц не очекуваат нови иницијативи.

default

„И оваа средба ќе се сведе на испитување на пулсот меѓу двете страни. Ако ние внатре најдеме решение за оваа параламентарна криза, имаме шанси тоа да отвори повеќе простор и за разговори со Грција, но и за доаѓање на основа за завршување на преговорите. Мислам дека е хендикеп ако се распишат вонредни парламентарни избори во Македонија и Грција“, оцени за Дојче веле, професор Димитар Мирчев.

Тој, како еден од советниците на Претседателот Ѓорѓе Иванов, оценува дека доѓањето на висок американски диполмат со своевидна медијаторска улога не значи повторување на кризната 2001 година, но секако зборува за ранливоста на внатрешниот политички систем, кој е навикнат кризните сосотојби да ги решава со странско медијаторство.

Постои ли „План Б“?

Професор Мирчев потсетува дека дел од бизнис заедницата бара и „План Б“ ако не успее разврската со името, со активирање на пазарот и капиталот од Исток. Самиот неодамна, во јавна дебата ја застапуваше тезата дека Македонија во надворешните приоритети не смее да биде “опседната со спорот околу името“.

Mazed.prämierminister, Nikola Gruevski im Parlament in Skopje

Премиерот Никола Груевски во Собранието

“Лошото е што нашиот политички систем е се’ уште нестабилен, неконсолидиран и во многу зависи од меѓународната заедница. Ние мораме да си го стабилизираме поредокот, самите да ги решаваме внатрешните проблеми“, вели Мирчев.

Ослабена надворено-политичка позиција

Со него индиректно се согласува и професорот Алајдин Демири, според кого политичката криза ќе има “најнегативен ефект во преговорите со Грција, околу спорото со името, така што македонската дипломатија ќе се врти во ќорсокак.“

Демири потсетува дека иницијативата за подиректно инволвирање на САД произлезе од ДУИ и нејзиниот лидер Али Ахмети. Доаѓањето на висок американски функционер, во време на жестината на домашната криза и обновените разговори во Њујорк не значи дека Македонија е во некоја форма на протекторат, оценува за ДВ Алајин Демири.

„Треба да се смета на поголема помош од американската политика и таа не случајно се инволвира“.

Mazedonischer Präsident, Branko Crvenkovski

Лидерот на опозицијата Бранко Црвенковски

Улогата на опозицијата

Опозицијата ја драматизира состојбата на политичка криза, со излегувањето од Парлементот, оценува професор Ѓорѓи Спасов.

“Секогаш во Македонија имало потреба од посредник во домашните кризни сосотојби и странците се обидуваат да изнудат минимум конзенсус, кој би ги приближил власта и опозицијата и во ова време на расплет околу грчко-македонските разговори за името“.

За професор Спасов евентуалното подиректно ангажирање на Американците е и порака до власта, која ги испушти шансите за иницијативност и побрзо решавање на спорот околу името и пред се’ влезот во НАТО, што е гарант и за внатрешната стабилност на земјата.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Горан Чутаноски