1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Оскар за филм во кој работеа и македонски аниматори

Филмот „Ранго“ на кој работеа и аниматорите од македонското студио за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х доби Оскар за најдобар анимиран филм.

default

Режисерот на „Ранго“, Гор Вербински со оскарот во рацете

На вчерашната церемонија во „Кодак“ театарот во Лос Анџелес, во
категоријата најдобар долгометражен цртан филм за престижната награда се „бореа“ филмовите „A Cat in Paris“, „Chico & Rita“, „Kung Fu Panda 2“ и „Puss in Boots“.

Кристијан Даниловски, извршен продуцент во ФХ3Х и менаџер за развој, како и супервизорите Марко Чулев, Драган Сретеновски и Бојан Тикваровски кои работеа на „Ранго“,се задоволни и горди на успехот.

FX3X Ltd.

Кристијан Данилоски (десно) извршен продуцент во ФХ3Х

„Оскарот е огромно признание за напорната работа која целиот тим ја вложи во текот на изминатата година, голема чест за анимациската екипа на ФХ3Х, поттик и мотивација за понатаму. Ова признание ни отвора многу врати во Холивуд и сега треба да се искористи моментот“, вели Даниловски.
Тој потсетува дека филмот го изработи студиото Industrial Lights and Magic, со кое од порано имале воспоставено соработка.

Екипа од ФХ3Х учествуваше и во креирањето на уште еден филм кој беше во
конкуренција за Оскар, „Transformers: Dark of the Moon“. Но, статуетката во
оваа категорија отиде кај „Хуго“ во режија на Мартин Скорсезе.
Инаку, „Ранго" претходно, на почетокот од февруари собра најмногу „Еми“
награди на 39. по ред доделувања во Лос Анџелес и тоа за најдобар анимиран
филм, сценарио, монтажа и дизајн на јунаците.

Автор:СН/ЖА/миа/макфакс

Редактор: Ж. Ацеска