1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Оскари за „Артист“, за Жан Дужардан и Мерил Стрип

Немиот француски филм го освои Холивуд, а Мерил Стрип потврди дека е најголема актерка на денешнината со третиот Оскар во кариерата.

default

Мерил Стрип и Жан Дужардан

Немиот филм „Артист“ е голем победник на годинешното доделување на наградите Оскар во Холивуд. Филмот освои пет статуетки на 84-то доделување на популарните награди. Мишел Хазанависиус доби признание за најдобра режија за францускиот црно-бел филм, додека Жан Дужардан се закити со наградата за најдобар актер, што е прв Оскар за водечка улога за еден француски актер.

Мерил Стрип го доби Оскарот за најдобра актерка за нејзината интерпретација на ликот на поранешната британска премиерка Маргарет Тачер во филмот „Челичната Леди“. За Стрип ова е трет Оскар во кариерата, но прв по пауза од 3 децении. Таа е и рекордер според бројот на номинациите - вкупно 17 во кариерата.

Oscar-Verleihung 2012 Asghar Farhadi

Иранскиот режисер Ашгар Фархади

Пет оскари доби и анимираната драма „Хуго“ на славниот Мартин Скорсезе, но сите беа во техничките категории, и покрај вкупно 11-те номинации.

Наградата за најдобар странски филм ја доби иранскиот „A Separation" на режисерот Ашгар Фархади. Тоа е прв Оскар за еден ирански филм во историјата.

Автор: БГ/ЕМФ/ап

Редактор: Ж.Ацеска

DW.COM